Втора лигаФудбал

ТАБЕЛА: Охрид е лидер во Втора лига, Скопје прави голем скок, Беласица заврши на седмо место!

Сподели
ФОТО: ГФК Охрид
Сподели

По две одиграни кола во пролетниот дел во Втората лига, се случија промени на табелата кои многу работи веќе ќе дефинираат околу целите на клубовите.

Охрид и натаму останува лидер на табелата со 40 бодови, Шкендија Арачиново и натаму е втора со 39 бодови, а нивното меѓусебно реми без погодоци (0:0) на „Билјанини Извори“ го искористи Брегалница која иако останува трета со 36 бодови, дојде на минус четири од „рибарите“ кои се водечки на табелата.

Скопје продолжува да го напаѓа првото место и сега има минус пет од Охрид, а минус четири од втората позиција, додека пак само бод помалку од третото место или бараж зоната за Прва лига.

Новаци продолжува да прави напредок на табелата и дојде на петтото место со 32 бодови и сериозно ја напаѓа бараж зоната, како и Детонит Плачковица кој со 32 бодови е шести.

Беласица откако во пролетниот дел нанижа два порази во низа од Беласица и Скопје заврши на седмото место со 31 бод и со тоа има дури девет помалку од првото место кое директно води кон Прва лига, а пак пет помалку од бараж зоната. Екипата на Осогово ја задржа осмата позиција која ја имаше уште од есенскиот дел со 30 бодови.



Во бараж зоната нема промени – Кожуф деветти со 25 бодови, а со по 20 бодови Каменица Саса и Тетекс го делат десеттото место.

Без промени и во зоната за директно испаѓање – Вардар Неготино е 12-ти со 12 бодови, Победа е на 13-то место со бод помалку, Преспа е на 14. место со девет бодови, Слога Виница сега има осум бодови и натаму е претпоследна, а на дното е Големо Коњари со четири бодови.

Овие пет екипи веќе се „отпишани“ и се спремаат за испаѓање во Трета лига.



Поз. Клуб ОН Поб Н Пор ПОС ПРИ ГР БОД
1 ➖ ГФК ОХРИД ЛИХНИДОС 17 12 4 1 39 10 +29 40
2 ➖ ЗФК Шкендија Арачиново 77 17 12 3 2 29 10 +19 39
3 ➖ ФК БРЕГАЛНИЦА 2008 АД 17 11 3 3 38 12 +26 36
4 ➖ ФК СКОПЈЕ АД 17 11 2 4 37 16 +21 35
5 🔼 ЗФК НОВАЦИ 2005 17 10 3 4 31 11 +20 33
6 🔼 ФК ДЕТОНИТ ПЛАЧКОВИЦА 17 9 5 3 29 11 +18 32
7 🔽 ФК БЕЛАСИЦА АД 17 10 1 6 33 16 +17 31
8 ➖ ГФК ОСОГОВО 17 9 3 5 25 13 +12 30
9 ➖ ФК КОЖУФ ГЕВГЕЛИЈА 17 6 7 4 20 11 +9 25
10 🔼 ФК КАМЕНИЦА САСА 17 5 5 7 34 31 +3 20
11 🔽 ФК ТЕТЕКС 1953 17 6 2 9 29 30 -1 20
12 ➖ ГФК ВАРДАР Неготино 17 3 3 11 22 55 -33 12
13 ➖ ФК ПОБЕДА АД 17 3 2 12 12 44 -32 11
14 ➖ ФК ПРЕСПА 17 3 0 14 17 42 -25 9
15 ➖ ФК СЛОГА 1934 17 2 2 13 17 40 -23 8
16 ➖ ФК ГОЛЕМО КОЊАРИ 17 1 1 15 10 70 -60 4



Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Втора лигаФудбал

Сите погледи кон Радовиш, „рибарите“ во битка за лидерската позиција во Втора лига

Сите погледи утре ќе бидат насочени кон Радовиш и Тетово, каде што ќе се одиграат двата одложени натпревари од четвртото коло во Втората...

Прва лигаФудбал

Јашар пред дуелот со „пиратите“: Ќе дадеме се од себе на крајот да се радува градот Штип и нашите навивачи

Брегалница и Скопје денеска во Штип го затвораат осмото коло од Првата македонска фудбалска лига. Штипјани сезонава на свој терен почнаа со две...

Поврзани написи
Втора лигаФудбал

Сите погледи кон Радовиш, „рибарите“ во битка за лидерската позиција во Втора лига

Сите погледи утре ќе бидат насочени кон Радовиш и Тетово, каде што...

Прва лигаФудбал

Куп: Третолигашот Могила против фаворитот Арсими, Ненад Тодоровски ќе дели правда

Утре ќе биде одигран натпреварот од 1/16 финале од Купот на Македонија...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!