Ракомет

Бутел храбро му пркосеше на Охрид, но фаворитот го скрши отпорот во вториот дел

Сподели
ФОТО: ГРК Охрид
Сподели

ГРК Охрид успешно ја отвори плеј-оф фазата во македонската Супер Лига со сигурен триумф на гостувањето кај Бутел Скопје (28-22). Иако конечниот резултат изгледа убедливо, охриѓани стигнаа до бодовите по сериозна борба во првите 30 минути.

Домаќините покажаа дека нема лесно да се предадат. По водството на гостите од 8-5 во 18. минута, следуваше пресврт и Бутел успеа да дојде до минимална предност од 9-8. Во финишот на полувремето се играше гол за гол, а на пауза Охрид замина со тесни 11-10.

Клучниот момент дојде на стартот од вториот дел. Гостите влегоа поенергично, направија серија со која од 32. до 39. минута се одлепија на 17-13 и целосно го презедоа ритамот. Разликата потоа постепено растеше, достигнувајќи и „плус девет“, што практично го реши победникот. До крајот, Охрид рутински ја задржа предноста за конечни 28-22.

Најефикасен кај победникот беше Гоце Ојлески со осум погодоци, додека Дарко Ѓукиќ реализираше шест, а Стрмљан и Иванковиќ по четири погодоци. Сигурност на голот донесе Кристијан Пилиповиќ со 11 интервенции, комбинирано со Даниел Ѓорѓески, кој успеа да запре два седмерци на домаќините.

Кај Бутел се издвои Леонид Киселовски со шест гола, а голманот Благојче Трајковски запиша 10 одбрани, но тоа не беше доволно за изненадување против фаворитот.

Со оваа победа, Охрид ги освои планираните бодови и останува во трката со водечките екипи во плеј-офот, покажувајќи дека знае како да ја „скрши“ цврстата игра на противникот кога е најпотребно.

Сподели
Напишано од
Сања Секулоска -

Сања Секулоска е спортска новинарка во Спортска Мрежа. Секулоска по професија е магистер на економски науки, која започнува од хоби кон новинарството конкретно во ракометот. Секулоска го следи и европскиот ракомет.

Не пропуштајте

Втора лигаФудбал

🔴 Во ЖИВО: Седум натпревари од 25. коло на Втора лига

Со седум натпревари денес ќе биде отворено 25. коло на Втората македонска фудбалска лига, а ќе се затвори утре со мечот меѓу Големо...

Поврзани написи
Ракомет

Вардар на чекор до големо засилување: Фадуил на мета на „црвено-црните“

Македонскиот ракометен гигант Вардар сериозно работи на засилувањата за следната сезона, а...

Ракомет

Вардар сигурно до финале во Купот – „црвено-црните“ ќе се борат за нов трофеј против Алкалоид

Ракометарите на Вардар повторно ќе играат во финалето на Купот на Македонија,...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!