Останато

ФФМ ја поддржува иницијативата: „Спортските игри за млади“ за првпат во Македонија

Сподели
ФОТО: ФФМ
Сподели

За првпат во Македонија ќе се одржат „Спортските игри за млади“, проект што ги обединува дечињата од целиот Балкан под покровителство на Министерството за спорт.

Со приклучувањето кон „Спортските игри за млади“, стануваме дел од големото регионално спортско семејство во кое веќе се ХрватскаСловенијаСрбија и Босна и Херцеговина. По тој повод во Владата на Република Македонија, премиерот Христијан Мицкоски организираше прием за федерациите кои го поддржуваат овој значаен проект.

„Како претседател на Фудбалска федерација на Македонија, ми претставуваше чест што заедно со селекторот на А репрезентацијата, Гоце Седлоски, ја претставувавме ФФМ и ја дадовме нашата поддршка. Верувам дека преку вакви иницијативи создаваме нови пријателства, градиме здрави навики и испраќаме силна порака дека спортот обединува. Децата се нашата иднина, а спортот е нивниот најубав пат кон успехот“, истакна Масар Омерагиќ, претседател на ФФМ.

Проектот е поддржан и од нашите спортски легенди како Петар Наумоски, Индира Кастратовиќ и Игор Стефановски-Иџе, како и од познати регионални и европски спортски имиња Жељко ОбрадовиќАљоша АсановиќСлавен БилиќПредраг МијатовиќВеселин ВујовиќПредраг Даниловиќ, Шиме Врсаљко и Стипе Плетикоса.

ФОТО: ФФМ

Во Владата на Република Македонија, официјално беше потпишан договорот меѓу претседателката на Федерацијата на училишни спортови на Македонија, Елена Мицковска и претседателот на „Спортски игри за млади“, Здравко Мариќ со кој Македонија стана дел од оваа најголема младинска спортска манифестација во Европа што се одржува покровителство на Меѓународниот олимписки комитет, Европската комисија и други важни организации, кои имаат за мисија да ги поместат границите на младинскиот спорт.

ФОТО: ФФМ

Со ова, Македонија официјално станува дел од едно големо балканско спортско движење кое има за цел да ги обедини младите преку фер-плеј, пријателство и здрави животни вредности.



Сподели

Не пропуштајте

Прва лигаФудбал

Виши: Ќе го дадеме максимумот и ќе се бориме до самиот крај

Иако некогаш овој дуел се сметаше за големо градско дерби, оваа сезона ситуацијата на теренот е сосема поинаква, па претстојниот натпревар повеќе наликува...

Втора лигаФудбал

🔴 Во ЖИВО: Седум натпревари од 25. коло на Втора лига

Со седум натпревари денес ќе биде отворено 25. коло на Втората македонска фудбалска лига, а ќе се затвори утре со мечот меѓу Големо...

Поврзани написи
Останато

Работнички го „збриша“ штипски Младост УГД со максимален ефект, Наковски Волеј ја доби Јанта Волеј

Стартуваше полуфиналната борба за шампионската титула во Првата одбојкарска лига на Македонија...

Останато

Ѓорческа елиминирана во Порторож, Завацка убедлива во два сета

Македонската тенисерка Лина Ѓорческа го заврши настапот на ИТФ турнирот во Порторож,...

Останати репрезентацииОстанато

Контроли со Косово пред Европската лига: Новиот селектор Гавриловиќ ја закажа прозивката

Женската сениорска репрезентација на Македонија ќе одигра два пријателски натпревари со селекцијата...

Останато

Штип УГД го „збриша“ ГОК Борец – „четата“ на Кристиан Ристески блиску до голема историја!

Одбојкарите на Штип УГД со убедлива победа од 3-0 во сетови над...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!