Прва лигаФудбал

Фатмир Бафто ќе им суди на Тиквеш и Силекс, Бењамин Ќерими главен во Тетово

Сподели
Сподели

Познати судиите за 20. коло на Првата женска фудбалска лига, кое коло беше отворено со денешниот меч во Куманово каде Брера Струмица со 0:2 го доби Башкими.

Работнички на домашен терен ќе идеална шанса за триумф против Шкупи, а правда на овој меч ќе ја дели Марјан Стојановски, а ќе му помагаат Давор Цветаноски и Владимир Митревски, а Благојче Ралевски. Во ВАР собата ќе бидат Јован Качевски и Мишо Ѓорѓиески. Оператор за повторување на снимка е Растко Ѓурќевиќ.

Алберт Јакупи е одреден за делегат на овој натпревар, а Тони Глигоров е контролор на мечот.

Утре се игра и мечот меѓу Струга Трим Лум и Вардар, а правдата на дербито покрај езерото ќе ја дели Фуркан Идризи, а ќе му помагаат Дарко Јовчевски и Вјолца Изеири. Четврт судија ќе биде Александар Урошевиќ.

Во ВАР собата ќе бидат Стојанче Стојанов и Кристијан Џонов, а Оператор за повторување на снимка е Матеј Димитриевски.

Тони Шалев е делегат, а контролор е Горан Спиркоски, а пак Славко Дукоски е комесар за безбедност на ФФМ.



Во недела се играат два натпревари. Тиквеш ќе игра на домашен терен против Силекс, а Батмир Бафто ќе биде главен судија, негови помошници ќе бидат Мишо Ѓорѓиески и Горан Балески, а пак Доне Ристовски ќе биде четврт судија.

Во ВАР собата ќе бидат Игор Стојчевски и Мартин Дејаноски, а Оператор за повторување на снимка е Растко Ѓурѓевич.

Делегат на мечот ќе биде Тони Ефтимов, а пак контролор ќе биде Јосип Бартон.

Арсими на домашен терен ќе ја пречека Македонија ЃП, каде за правдата ќе се погрижи Стојанче Стојанов, а ќе му помагаат Филип Ицковски и Дарко Видиниќ, а пак четврт судија ќе биде Крумислав Ѓоргиев.

ВАР судија ќе биде Пларент Салихи, а пак АВАР судија е Фуркан Идризи, Оператор за повторување на снимка е Петар Стојановски.

Делегат е Ненад Крстевски, а контролор Дејан Јакимовски.



Колото се затвара во понеделник со натпреварот меѓу Шкендија и Пелистер во Тетово, каде за правдата ќе се погрижи Бењамин Ќерими, асистенти ќе бидат Даниел Василевски и Бранко Питулин, а пак Дејан Дејаноски ќе биде четврт судија.

Во ВАР собата ќе бидат Влатко Илиоски и Борис Трајков, а Оператор за повторување на снимка е Растко Ѓурѓевиќ.

Делегат на средбата ќе биде Павле Игнатов, а контролор Марјан Кировски.



Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Кошарка

Шар Планина ја доби Гевгелија – финалето ќе се решава во „мајсторка“!

Кошаркарите на Шар Планина возвратија на вистински начин и изборија решавачки трет натпревар во финалната серија за пласман во Првата македонска лига. Тимот...

Кошарка

Битка за елитата: стартува плеј-офот во Првата кошаркарска лига

По кратката пауза, викендов започнува највозбудливиот дел од сезоната во Првата македонска кошаркарска лига – плеј-офот кој ќе донесе еден нов суперлигаш. Четирите...

Поврзани написи
Прва лигаФудбал

Фатмир Бафто ќе го суди мечот меѓу Силекс и Брера, Доне Ристовски на Тиквеш и Шкендија

Утре со два мечеви се отвара 28. коло во Првата македонска фудбалска...

Фудбал

Масар Омерагиќ: Поддршката од УЕФА и претседателот Чеферин е силен поттик за реформите и развојот на македонскиот фудбал

На покана од претседателот на Фудбалската федерација на Македонија, Масар Омерагиќ, претседателот...

Фудбал

Претседателот на УЕФА Александар Чеферин пристигна во Скопје – голема поддршка за македонскиот фудбал

На покана на претседателот на Фудбалската федерација на Македонија, Масар Омерагиќ, претседателот...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!