Останато

ФФМ ја поддржува иницијативата: „Спортските игри за млади“ за првпат во Македонија

Сподели
ФОТО: ФФМ
Сподели

За првпат во Македонија ќе се одржат „Спортските игри за млади“, проект што ги обединува дечињата од целиот Балкан под покровителство на Министерството за спорт.

Со приклучувањето кон „Спортските игри за млади“, стануваме дел од големото регионално спортско семејство во кое веќе се Хрватска, Словенија, Србија и Босна и Херцеговина. По тој повод во Владата на Република Македонија, премиерот Христијан Мицкоски организираше прием за федерациите кои го поддржуваат овој значаен проект.

„Како претседател на Фудбалска федерација на Македонија, ми претставуваше чест што заедно со селекторот на А репрезентацијата, Гоце Седлоски, ја претставувавме ФФМ и ја дадовме нашата поддршка. Верувам дека преку вакви иницијативи создаваме нови пријателства, градиме здрави навики и испраќаме силна порака дека спортот обединува. Децата се нашата иднина, а спортот е нивниот најубав пат кон успехот“, истакна Масар Омерагиќ, претседател на ФФМ.

Проектот е поддржан и од нашите спортски легенди како Петар Наумоски, Индира Кастратовиќ и Игор Стефановски-Иџе, како и од познати регионални и европски спортски имиња Жељко Обрадовиќ, Аљоша Асановиќ, Славен Билиќ, Предраг Мијатовиќ, Веселин Вујовиќ, Предраг Даниловиќ, Шиме Врсаљко и Стипе Плетикоса.

ФОТО: ФФМ

Во Владата на Република Македонија, официјално беше потпишан договорот меѓу претседателката на Федерацијата на училишни спортови на Македонија, Елена Мицковска и претседателот на „Спортски игри за млади“, Здравко Мариќ со кој Македонија стана дел од оваа најголема младинска спортска манифестација во Европа што се одржува покровителство на Меѓународниот олимписки комитет, Европската комисија и други важни организации, кои имаат за мисија да ги поместат границите на младинскиот спорт.

ФОТО: ФФМ

Со ова, Македонија официјално станува дел од едно големо балканско спортско движење кое има за цел да ги обедини младите преку фер-плеј, пријателство и здрави животни вредности.



Сподели

Не пропуштајте

Прва лигаФудбал

Силекс врза две победи, Хасукиќ со два гола ја реши Шкендија Арачиново

Силекс продолжува со победничкиот ритам во Првата македонска фудбалска лига. Кратовци на домашен терен ја совладаа Шкендија Арачиново со 2:0, а херој на...

ФудбалФутсал

Проект и Бутел во битка за врвот: шампионот ја брани неверојатната серија без пораз

Третото коло во Првата македонска футсал лига започнува вечерва со дербито во Валандово, каде што актуелниот шампион и освојувач на двојната круна, Проект,...

Поврзани написи
Останато

(ФОТО) Министерот Борко Ристовски го пречека светскиот карате шампион Марко Џорлев

Министерот за спорт, Борко Ристовски, денеска во Министерството за спорт го пречека...

Останато

ФОТО: Подновена маркацијата на патеката Зла Страна – Карбула, планинарите со предупредување за тешкиот терен

Комисијата за планинарски патеки при Федерацијата на планинарски спортови на Македонија (ФПСМ)...

Останато

Стартуваа и кадетите, одиграни првите турнири

По стартот на натпреварувањето во младинските машки и женски лиги, од викендов...

Останато

Македонскиот шампион Штип УГД поразен на дебито во Лигата на шампион, првакот на Холандија максимален

Македонскиот одбојкарски шампион УГД Штип го имаше своето историско деби во Лигата...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!