Втора лигаФудбал

„Фаланга“ и „Ултра Банда“ најавуваат силна поддршка: Брегалница фаворит против Вардар Неготино

Сподели
Сподели

Брегалница во сабота на домашен терен ќе го пречека Вардар Неготино, во обид да се врати на победничките патеки по поразот од Кожуф во минатото коло.

На Градскиот стадион во Штип „сините“ ќе ја имаат фаворитската улога, а целта е јасна – освојување на трите бодови и продолжување на трката за враќање во Првата македонска фудбалска лига.

Голема поддршка се очекува од верните Фаланга и Ултра Банда, која најави мобилизација. Собирот е закажан во 13 часот пред Новата пошта во Штип, со повик сите да бидат облечени во црно. Од таму навивачите заедно ќе се упатат кон стадионот, кој се наоѓа во непосредна близина.

Се подготвува и кореографија, а атмосферата треба да биде дополнителен мотив за избраниците на стратегот Влатко Костов да го заборават киксот во Гевгелија и да продолжат по зацртаниот пат кон елитата.



Натпреварот меѓу Брегалница и Вардар Неготино започнува во 14 часот.

Сподели

Не пропуштајте

Ракомет

Панов: Алкалоид е фаворит, но играме дома и сакаме да ги задоволиме сите со нашата игра

Младост со целосен фокус е на мечот од 4. коло на Супер лигата, во Богданци ќе го пречека Алкалоид во обид за изненадување...

Прва женска фудбалска лигаФудбал

Фатмир Бафто ќе го суди дербито меѓу Пелистер и Каменица Саса, Вјолца Изери на Вардар и Тиверија Брера

Познати судиите кои ќе ја делат правдата на мечевите од 7. коло на Првата женска фудбалска лига, колото се отвара утре, а ќе...

Поврзани написи
КупФудбал

КУП: Арсими ја декласираше Могила со 12 гола, хет-трик на Каба, два гола на Гаје

Прволигашот Арсими обезбеди пласман во осминафиналето од Купот на Македонија откако славеше...

Втора лигаФудбал

Матески и Јахја за три бода на Охрид во Радовиш и прво место, Работнички го доби Тетекс

Охрид е нов лидер во Втората македонска фудбалска лига откако „рибарите“ славеа...

Фудбал

Подобри услови за фудбал во Гостивар: Дополнителни рефлектори поставени на теренот со вештачка трева

Фудбалот во Гостивар добива подобри услови за работа и одржување на натпревари,...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!