КупФудбал

Силекс сигурен во Кратово, за полуфинале со сензацијата Охрид

Сподели
ФОТО: ФК Силекс
Сподели

Без изненадување во Кратово – прволигашот Силекс со убедливи 0:3 го совлада второлигашот Детонит Плачковица и обезбеди пласман во полуфиналето од Купот на Македонија.

Кратовци го отворија резултатот во 30. минута преку Дарко Додев и со минимални 0:1 заминаа на полувреме. Во продолжението ја потврдија фаворитската улога – Дарко Ангелески во 64. минута зголеми на 0:2, а португалскиот интернационалец Мигуел Пиреш ги постави конечните 0:3.

Во полуфиналето Силекс ќе се соочи со второлигашот Охрид, кој вчера приреди вистинска сензација елиминирајќи го актуелниот освојувач на Купот, Вардар. По 1:1 во регуларниот дел, охриѓани славеа по изведување пенали со вкупни 3:5 и за првпат во својата историја се пласираа во полуфиналето. Тимот од Охрид воедно е лидер во Втората македонска фудбалска лига.



Вториот полуфинален пар ќе го сочинува изненадувањето Шкендија Арачиново, која за првпат стигна меѓу четирите најдобри по елиминацијата на Работнички, и победникот од четвртфиналната пресметка меѓу Струга и Шкендија – овој меч е одложен и ќе се игра на 18 март поради европските обврски на тетовска Шкендија.

Сподели

Не пропуштајте

Ракомет

Џатевска останува во Унгарија: Македонската репрезентативка ја продолжи соработката со Сомбатхељи

Македонската ракометарка Ивана Џатевска ќе продолжи да настапува во унгарскиот шампионат, откако официјално го продолжи договорот со Сомбатхељи за сезоната 2026/27. 22-годишната пикерка...

Втора лигаФудбал

Охрид го доживеа првиот сезонски пораз: „Рибарите“ немоќни против Марибор

Екипата на Охрид го доживеат првиот сезонски пораз откако во рамки на 5. коло на ЕРС (eFootball Pro Champions) загуби од тимот на...

Поврзани написи
Втора лигаФудбал

Охрид го доживеа првиот сезонски пораз: „Рибарите“ немоќни против Марибор

Екипата на Охрид го доживеат првиот сезонски пораз откако во рамки на...

Втора женска фудбалска лигаФудбал

Ева Андонова убедливо најдобар стрелец во Втората женска фудбалска лига, еве колку голови има!

Во Втората женска фудбалска лига веќе многу работи станаа јасни и всушност...

Трета лигаФудбал

Двајца фудбалери го пропуштаат 17. коло во Трета лига – Исток!

В недела се играат мечевите од 17. коло на Третата македонска фудбалска...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!