КупФудбал

Шкендија Арачиново испиша историја – обезбедено полуфинале во Купот на Македонија

Сподели
ФОТО: ФК Работнички
Сподели

Второлигашот Шкендија Арачиново испиша историја откако успеа да обезбеди пласман во полуфиналето од Купот на Македонија откако со 3:1 го совлада прволигашот Работнички.

Тимот од Арачиново кој го води искусниот стратег Љупчо Марковски – Калц уште еднаш ги исфрла „романтичарите“ од Купот, откако минатата сезона уште во првото коло од Купот беше исфрлен Работнички, а тогаш Шкендија беше третолигаш.

Натпреварот се играше во Куманово на стадионот на Башкими, бидејќи „Хасанбег арената“ нема ВАР технологија.

Резултатот го отвори Десниќ во 40. минута за водство на тимот од Арачиново со 1:0 на полувреме. Во вториот дел Никола Пејовиќ заработи црвен картон со што Работнички од 58. минута беше со играч помалку, а две минути подоцна Николче Шаркоски погоди за 2:0.



Во 64. минута Бесир Демири успеа да го намали водството на Шкендија Арачиново на 2:1, но немаше сили за ништо повеќе тимот од Дебар Маало, откако Зани Назифи во 85. минута погоди за 3:1.

Шкендија Арачиново е првиот полуфиналист во Купот на Македонија.



Сподели

Не пропуштајте

Прва лигаФудбал

Виши: Ќе го дадеме максимумот и ќе се бориме до самиот крај

Иако некогаш овој дуел се сметаше за големо градско дерби, оваа сезона ситуацијата на теренот е сосема поинаква, па претстојниот натпревар повеќе наликува...

Втора лигаФудбал

🔴 Во ЖИВО: Седум натпревари од 25. коло на Втора лига

Со седум натпревари денес ќе биде отворено 25. коло на Втората македонска фудбалска лига, а ќе се затвори утре со мечот меѓу Големо...

Поврзани написи
Прва лигаФудбал

Виши: Ќе го дадеме максимумот и ќе се бориме до самиот крај

Иако некогаш овој дуел се сметаше за големо градско дерби, оваа сезона...

Втора лигаФудбал

🔴 Во ЖИВО: Седум натпревари од 25. коло на Втора лига

Со седум натпревари денес ќе биде отворено 25. коло на Втората македонска...

Трета лигаФудбал

Еден натпревар од Втора лига ќе се одигра утре

Денес со седум натпревари се отвара 25. коло на Втората македонска фудбалска...

Трета лигаФудбал

Крстевски ќе им суди на Демир Хисар и Света Троица, Лаброски на Влазними и Кораб

Делегирани судиите за четирите натпревари од 14. коло на Третата македонска фудбалска...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!