ФудбалФутсал

ТАБЕЛА: Лидерот Проект има плус шест, Мал Ајакс стана „фенерџија“, Бутел го напаѓа третото место на шампионот Форца!

Сподели
ФОТО: КМФ Проект
Сподели

По комплетирање на десеттото коло или првата пролетна рунда го имаме и конечниот изглед на табелата во Првата футсал лига. Непоразениот лидер Проект останува перфектен со учинок десет од десет и максимални 30 бодови на своето конто. Некогашниот шампионот од Јосифово има плус шест во однос на Кеги Моби кој е втор со 24 бодови и како и што најавувавме претходно, шампионската титула речиси сигурно патува кон Јосифово.

Шампионот Форца сега е на третата позиција со 21 бод, а тоа му отвара простор на Бутел да го напаѓа третото место на табелата бидејќи тимот е значително засилен и ќе има амбиција за сезоната да ја заврши што повисоко на табелата, а пак на Јувентус Серава е сигурен на петтото место со 15 бодови.

Клими го чува и натаму шестото место со 12 бодови, а веќе екипите од тимот од Кавадарци ги очекува неизвесна борба за опстанок. Осогово е седми со девет бодови, а толку има и Балкан кој е осми, додека пак во зоната за директно испаѓање во Втора лига е Шкупи како претпоследен со седум бодови и Мал Ајакс кој е на дното со шест бодови.



Поз. Клуб ОН Поб Н Пор ПОС ПРИ ГР БОД
1 КМФ Проект 10 10 0 0 94 19 +75 30
2 КМФ Кеги-Моби Велес 10 8 0 2 44 25 +19 24
3 КМФ Форца 2015 10 7 0 3 78 45 +33 21
4 КМФ Бутел 2022 10 5 1 4 35 42 -7 16
5 КМФ Јувентус Серава 10 5 0 5 49 55 -6 15
6 КМФ Клими Кавадарци 10 4 0 6 32 37 -5 12
7 КМФ Осогово 2022 Крива Паланка 10 3 0 7 46 81 -35 9
8 ФК Балкан 2017 / КМФ 10 3 0 7 60 95 -35 9
9 КМФ Шкупи 1927 ДОО 10 2 1 7 36 57 -21 7
10 КМФ Мал Ајакс 10 2 0 8 43 61 -18 6



Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Останато

Првата машка одбојкарска лига со нов формат: Бараж за сите 12 екипи за поделба во А и Б лига

Натпреварувачкиот систем во Првата лига мажи во сезоната 2026/2027 ќе претрпи промени. Во најсилното натпреварување кај мажите ќе учествуваат истите 12 екипи како...

Втора женска фудбалска лигаФудбал

ФОТО: Билјанини Извори со убедлив триумф ја отвори сезоната, Менада го доби дебитантското соочување со Башкими

Ефикасно стартуваше новата сезона во Втората женска фудбалска лига, со два натпревари од првото коло, на кои беа постигнати десет погодоци. Билјанини Извори...

Поврзани написи
Прва женска фудбалска лигаФудбал

Љуботен ги освои бодовите во мечот со Истатов, тимот од Тетово се врати на врвот во ПЖФЛ

Љуботен триумфираше над Драчево совладувајќи го Истатов со резултат од 0:3, меч...

Втора лигаФудбал

Второлигашот Кожуф и тренерот Дарко Крстески спогодбено ја прекинаа соработката

Второлигашот Кожуф од Гевгелија и досегашниот тренер Дарко Крстески спогодбено ја прекинаа...

Прва лигаФудбал

Нова тренерска промена во Прва лига: Скопје остана без тренер, Муарем Муарем поднесе оставка

Прволигашот Скопје остана без тренер, откако Муарем Муарем поднесе оставка, со што...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!