Ракомет

Словенечките медиуми: Алкалоид заинтересиран за Нејц Цехте

Сподели
ФОТО: РК Еурофарм Пелистер
Сподели

Словенечкиот репрезентативец Нејц Цехте повторно се поврзува со трансфер во Македонија. Според информациите на специјализираниот ракометен портал „Handballia“, искусниот десен бек би можел да ја продолжи кариерата во редовите на Алкалоид.

Како што наведува словенечкиот медиум, во македонските ракометни кругови се шпекулира дека Алкалоид бара засилување во бековската линија – ракометар со искуство и силен шут, а Цехте се вклопува во тој профил. Наводно веќе постоел и иницијален контакт меѓу двете страни, но засега нема официјална потврда.

Цехте има 33 години и оваа сезона настапува за германскиот бундеслигаш Фуксе Берлин, каде што пристигна како замена за повредениот Фабијан Виде. Неговиот договор истекува летово, што дополнително ги засилува шпекулациите за можно заминување.

За македонската јавност тој не е непознато име. Во сезоната 2023 пристигна од данскиот ГОГ Гудме во Еурофарм Пелистер, но соработката со битолскиот клуб заврши порано од очекуваното. Во текот на кариерата настапувал и за Хановер-Бургдорф, Горење Велење и Кршко.



Инаку, поради семејни причини Цехте не настапи на последното Европско првенство кое се одржа во Данска, Норвешка и Шведска.

Во наредниот период се очекува појасна слика околу неговата иднина и дали Алкалоид навистина ќе успее да го донесе словенечкиот шутер во своите редови.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Прва лигаФудбал

Виши: Ќе го дадеме максимумот и ќе се бориме до самиот крај

Иако некогаш овој дуел се сметаше за големо градско дерби, оваа сезона ситуацијата на теренот е сосема поинаква, па претстојниот натпревар повеќе наликува...

Втора лигаФудбал

🔴 Во ЖИВО: Седум натпревари од 25. коло на Втора лига

Со седум натпревари денес ќе биде отворено 25. коло на Втората македонска фудбалска лига, а ќе се затвори утре со мечот меѓу Големо...

Поврзани написи
Ракомет

Вардар на чекор до големо засилување: Фадуил на мета на „црвено-црните“

Македонскиот ракометен гигант Вардар сериозно работи на засилувањата за следната сезона, а...

Ракомет

Вардар сигурно до финале во Купот – „црвено-црните“ ќе се борат за нов трофеј против Алкалоид

Ракометарите на Вардар повторно ќе играат во финалето на Купот на Македонија,...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!