Ракомет

Охрид меѓу европската елита: Охриѓани го чекаат ривалот во ТОП 8

Сподели
ФОТО: ГРК Охрид
Сподели

ГРК Охрид продолжува да ја живее својата европска приказна од соништата. Со две убедливи победи над Дукла Прага (30-21 и 30-24), охриѓани изборија место меѓу осумте најдобри во ЕХФ Европскиот куп – најголем клупски успех на меѓународната сцена.

Тимот на Борис Ројевиќ во Прага покажа зрелост и карактер, не дозволувајќи драматичен пресврт и рутински го потврди пласманот. Со вкупна предност од +15, „гладијаторите“ испратија силна порака дека не случајно се во ова друштво.

ФОТО: ГРК Охрид

Без фаворити – секој против секого 

Во четвртфиналето повеќе нема повластени позиции и нема носители – секој може да се падне со секого. Охрид ќе има седум можни противници, а конкуренцијата е сериозна и разновидна, од искусни европски клубови до амбициозни проекти со големи буџети.

Ако се бара „поповолна“ ждрепка на хартија, тоа би биле тимовите на Извиѓач Љубушки, Бурса Нилуфер или Бањик Карвина – екипи против кои Охрид би можел рамноправно да се надигрува и да се надева на полуфинале.

Сепак, предизвиците не изостануваат. Потешка задача би значеле дуели со Олимпијакос, Бузау или Целје – клубови со искуство и европска традиција.

Можеби најголем предизвик би бил евентуален дуел со Татабања, тим кој располага со сериозен буџет и важи за еден од главните фаворити во ова натпреварување.

ФОТО: ГРК Охрид

Европа како потврда на растот 

Пласманот во ТОП 8 не е само резултат, туку и потврда за континуитетот и развојот на клубот. Охрид сезонава игра на три фронта, а европската приказна доаѓа како круна на амбициозниот проект што постепено се гради.

Ждрепката за четвртфиналните двојки ќе се одржи во Виена во вторник од 11:00 часот, а натпреварите од оваа фаза се закажани за 28/29 март и 4/5 април.

ФОТО: ГРК Охрид

Европската авантура продолжува – а по елиминацијата на Дукла со две сигурни победи, „гладијаторите“ веќе покажаа дека имаат капацитет да се носат со секој ривал. Во оваа фаза нема лесни противници, но има и еден тим од Охрид, кој верува во себе и не се плаши од големите имиња.

Сподели
Напишано од
Сања Секулоска -

Сања Секулоска е спортска новинарка во Спортска Мрежа. Секулоска по професија е магистер на економски науки, која започнува од хоби кон новинарството конкретно во ракометот. Секулоска го следи и европскиот ракомет.

Не пропуштајте

Прва лигаФудбал

Нова тренерска промена во Прва лига: Скопје остана без тренер, Муарем Муарем поднесе оставка

Прволигашот Скопје остана без тренер, откако Муарем Муарем поднесе оставка, со што тимот од Автокоманда ќе треба да добие нов тренер. Муарем на...

Ракомет

ФОТО: Хрватска доминираше во второто полувреме и убедливо ја совлада Србија во Охрид

Репрезентацијата на Хрватска стигна до убедлива победа над Србија со 28:15 во првиот натпревар од вториот натпреварувачки ден на турнирот „Трофеј Македонија“ во...

Поврзани написи
Ракомет

ФОТО: Хрватска доминираше во второто полувреме и убедливо ја совлада Србија во Охрид

Репрезентацијата на Хрватска стигна до убедлива победа над Србија со 28:15 во...

Ракомет

ФОТО: Ракометниот караван пристигна во Струга: Андреа Лекиќ ги воодушеви најмладите

Денес, спортската сала „Тими“ во Струга беше исполнета со детски насмевки, позитивна...

Ракомет

Пејиќ: Ќе дадеме сè од себе против Алкалоид, публиката во „Млаз“ е феноменална!

В сабота Младост ќе го одигра натпреварот од 4. коло на Супер...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!