Ракомет

Чаир и Ѓорче Петров убедливи, Спартак до прво славје откако го освои Штип!

Сподели
ФОТО: WHC ÇAIR
Сподели

Фаворитите пред проблем стигнаа до победи во рамки на 15. коло на женската ракометна Супер лига, откако шампионот Ѓорче Петров на домашен терен со 42:20 го декласираше тимот на Куманово.

Уште од самиот меч се наметна темпото на „лавиците“ кои уште од првиот меч започнаа како на тренинг меч и лесно стигнаа до бодовите. Повеќе ракометарки во таборот на шампионот се истакнаа со погодоци. Катерина Дамјаноска, Емилијана Ризоска и Марија Гугуљанова имаат по шест погодоци, кај поразениот тим се истакна Мариана Силва Азеведо со седум реализации, еден од линијата за седум метри.

Чаир како на прошетка во Битола откако со 16:34 лесно го декласираше Пелистер и ги собра бодовите. Скопскиот тим одлично го отвори мечот и веќе уште во првиот дел имаше предност од 7:15, а во вториот дел беше само рутина за искусниот тим. Рона Мифтари со осум погодоци беше прво име кај Чаир, додека пак кај Пелистер со по четири гола се истакнаа Ана Стојчевска и Анастасија Тодоровска.

Спартак стигна до првата сезонска победа откако го освои Штип каде го победи Астибо со резултат од 26:30 и тоа преку пресврт бидејќи скопскиот тим на полувреме имаше негатива од 16:12.

Штипјанки одлично отворија и имаа неверојатна серија 6:1, а потоа стекната предност ја одржуваа до полувреме. Во вториот дел Астибо отвори лошо, а Спартак казнуваше максимално и започна да ја топи предноста откако во 48. минута Спартак имаше серија од два гола за 18:18, а потоа и го презеде водство во 41. минута при 19:20.



Мечот понуди неверојатна драма, Астибо дојде до водство од 21:20, а потоа Спартак одново имаше водство од плус два во неколку наврати, а клучната разлика се направи во 56. минута кога беше 25:28, па тука се урнаа сите надежи на Астибо откако Спартак стигна до првото сезонско славје со 26:30. Новите засилувања ја донесоа првата радост за Спартак, а со тоа тимот ќе цели кон прогрес на табелата до крајот на сезоната.

Марија Анчева за Астибо беше најдобар стрелец со осум погодоци, а пак кај Спартак со по седум погодоци се истакнаа Сузана Зечевиќ, Ива Божиновска и Анастасија Николовска.



Натпреварот меѓу Металург Автокоманда и Вардар не се одигра, ова ќе биде службена победа за „црвено-црните“ со 0:10.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Втора женска фудбалска лигаФудбал

Виолета Јанчева ќе им суди на Плачковица и Билјанини Извори, Милош Алексиќ на Башкими и Менада

Познати судиите кои ќе ја делат правдата на мечевите од првото воведно коло на новата сезона во Втората женска фудбалска лига. Утре со...

Втора лигаПрва лигаФудбал

Дисциплинската комисија на ФФМ со жестоки казни: Суспензија од шест месеци за Бајрами, казни за Охрид и Брегалница

Дисциплинската комисија на ФФМ на денешната седница донесе повеќе одлуки по разгледувањето на случувањата на натпреварите од Македонската фудбалска лига. Фудбалерот на Охрид...

Поврзани написи
Ракомет

Пејиќ: Ќе дадеме сè од себе против Алкалоид, публиката во „Млаз“ е феноменална!

В сабота Младост ќе го одигра натпреварот од 4. коло на Супер...

Ракомет

Македонија убедлива против Србија на стартот на „Трофеј Македонија“: Марковиќ со победничко деби

Женската ракометна репрезентација на Македонија со победа го започна настапот на домашниот...

Ракомет

Црна Гора и Хрватска со реми на стартот на „Трофеј Македонија“ во Охрид

Со поделба на бодовите и резултат 20:20 започна новото издание на „Трофеј...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!