Прва лигаФудбал

Гафури: Фокусирани сме на победа против Шкупи

Сподели
ФОТО: ФФМ
Сподели

Арсими денес во рамки на 19. коло на Првата македонска фудбалска лига ќе се соочи со Шкупи, во обид да стигне до прв пролетен триумф.

Натпреварот е важен за Арсими во битката за директен опстанок во елитата, а мечот со Шкупи го игра како формален гостин на Градскиот стадион во Гостивар, што ќе биде дополнителна предност.

Фудбалерот на Арсими, Арѓент Гафури вели дека мечот против Шкупи за нив е многу важен, имаат почит кон секој противник и се надева на позитивен резултат.

“Нѐ очекува многу важен натпревар против Шкупи. Иако во моментов не се наоѓаат во најповолна позиција на табелата и не минуваат низ најдобар период, тоа воопшто не го менува нашиот респект кон нив. Шкупи е клуб со историја, традиција и квалитет во составот. Свесни сме дека ќе биде цврст натпревар и на теренот ќе го дадеме максимумот. Го почитуваме секој противник, но нашиот фокус е на нашата игра, на позитивен резултат и на продолжување на патот кон нашите амбиции.”

Натпреварот започна во 14 часот.

Сподели

Не пропуштајте

Втора лигаФудбал

Утре стартува шестото издание на Втората женска лига: Осум екипи во борба за место во елитата

Утре стартува шестото издание на Втората женска фудбалска лига, во која во сезоната 2026/2027 ќе се натпреваруваат осум екипи. Новата сезона носи интересен...

Ракомет

Панов: Алкалоид е фаворит, но играме дома и сакаме да ги задоволиме сите со нашата игра

Младост со целосен фокус е на мечот од 4. коло на Супер лигата, во Богданци ќе го пречека Алкалоид во обид за изненадување...

Поврзани написи
Втора лигаФудбал

Утре стартува шестото издание на Втората женска лига: Осум екипи во борба за место во елитата

Утре стартува шестото издание на Втората женска фудбалска лига, во која во...

КупФудбал

КУП: Арсими ја декласираше Могила со 12 гола, хет-трик на Каба, два гола на Гаје

Прволигашот Арсими обезбеди пласман во осминафиналето од Купот на Македонија откако славеше...

Втора лигаФудбал

Матески и Јахја за три бода на Охрид во Радовиш и прво место, Работнички го доби Тетекс

Охрид е нов лидер во Втората македонска фудбалска лига откако „рибарите“ славеа...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!