Ракомет

Шампионот со нов ,,ѕид” на шест метри

Сподели
ФОТО: РК Еурофарм Пелистер
Сподели

Македонскиот шампион Еурофарм Пелистер продолжува со засилувањата за клучниот дел од сезоната. Битолчани го ангажираа хрватскиот репрезентативен кружен напаѓач Никола Граховац, со што ја пополнија празнината по заминувањето на Мохамед Калед Валид на стартот од годината.

27-годишниот пивотмен стави потпис на договор до крајот на сезоната, со можност за продолжување и за наредната. Граховац во Битола пристигнува од германскиот бундеслигаш Вецлар и веднаш ќе му се стави на располагање на стручниот штаб.

Со своите 201 сантиметар височина, Граховац важи за модерен прототип на кружен напаѓач – силен во дуел играта, стабилен во одбрана и сигурен реализатор од шест метри. Европското искуство го стекнувал настапувајќи во Лигата на шампионите со РК Загреб и Веспрем, а неговите ракометни почетоци се поврзани со Дубрава.

Граховац е стандарден член на хрватската репрезентација, со настап на Европското првенство 2022 година, како и учесник на Олимписките игри 2024. Со јуниорската селекција на Хрватска во 2016 година стигна до европско сребро, што дополнително говори за неговиот квалитет и континуитет на високо ниво.



Ангажманот на Граховац носи стабилност на позицијата пивот, особено во пресрет на завршницата од домашните и европските предизвици. Со неговото доаѓање, Пелистер добива цврстина во одбраната и дополнителна опција во нападот – фактор кој може да биде пресуден во натпреварите со висок интензитет.

Со новото засилување, шампионот испраќа јасна порака дека амбициите остануваат високи до самиот крај на сезоната. Никола Граховац до крајот на неделата ќе биде официјално претставен пред јавноста, а битолската публика со нетрпение ќе го очекува неговото деби во зелено-белиот дрес.



Сподели
Напишано од
Сања Секулоска -

Сања Секулоска е спортска новинарка во Спортска Мрежа. Секулоска по професија е магистер на економски науки, која започнува од хоби кон новинарството конкретно во ракометот. Секулоска го следи и европскиот ракомет.

Не пропуштајте

Кошарка

Шар Планина ја доби Гевгелија – финалето ќе се решава во „мајсторка“!

Кошаркарите на Шар Планина возвратија на вистински начин и изборија решавачки трет натпревар во финалната серија за пласман во Првата македонска лига. Тимот...

Кошарка

Битка за елитата: стартува плеј-офот во Првата кошаркарска лига

По кратката пауза, викендов започнува највозбудливиот дел од сезоната во Првата македонска кошаркарска лига – плеј-офот кој ќе донесе еден нов суперлигаш. Четирите...

Поврзани написи
Ракомет

Ракометарките ги дознаа противниците на ЕП 2026: Македонија доби силна група!

Женската ракометна репрезентација на Македонија ги дозна своите противници за Европското првенство...

Ракомет

РФМ ги делегираше судиите за Ф4 во Струмица – познати арбитрите за полуфиналињата и финалето

Салата „Парк“ во Струмица викендов ќе биде домаќин на завршниот турнир од...

Ракомет

Во Скопје ќе се крои новата регионална ракометна лига

Главниот град на Македонија ќе биде домаќин на клучен состанок за иднината...

Ракомет

Силвана Карбеска и Марија Илиева ќе делат правда на меч од четвртфиналето во ЛШ

Силвана Карбеска и Марија Илиева добија уште едно големо признание од Европската...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!