Останато

Мицковска и Бошковска потпишаа Меморандум: Инклузијата станува темел на училишниот спорт

Сподели
ФОТО: Федерација на училишен спорт на Македонија
Сподели

Спортот е мост, инклузијата е сила – под оваа порака беше потпишан Меморандум за соработка меѓу Федерацијата на училишен спорт на Македонија и Специјална олимпијада Македонија. Со документот се отвора ново поглавје во развојот на училишниот спорт, во кое еднаквоста и пристапот за сите деца стануваат приоритет.

Меморандумот го потпишаа претседателката на Федерацијата на училишен спорт на Македонија, Елена Мицковска, и претседателката на Специјалната олимпијада на Македонија, Моника Бошковска – две жени, две лидерки, со една заедничка мисија: создавање спортска средина во која секое дете ќе има можност да учествува и да се развива.

Со овој чин, како што беше истакнато, не се потпишува само формален документ, туку се потврдуваат вредности. Се испраќа јасна порака дека сите деца имаат подеднакво право да бидат дел од училишниот спорт, дека инклузијата не е избор, туку обврска, и дека различностите не разделуваат, туку збогатуваат.



Преку соработката, двете организации ќе работат на создавање систем кој ќе овозможи активно учество на децата во спортски активности, поттикнување на другарството, личниот развој и градењето самодоверба – со цел секое дете да победи најпрво себеси.

Партнерството има за цел да ги зајакне позитивните вредности во спортот, фер-плејот, почитта и еднаквоста, поставувајќи силни темели за поинклузивен и поправеден училишен спорт во Македонија.



Сподели

Не пропуштајте

Кошарка

DONGFENG нов партнер на КК ТФТ Скопје за сезоната 2026/27

Кошаркарскиот клуб ТФТ Скопје ја продолжува соработката со компании кои ги препознаваат спортските вредности, а пред почетокот на новата сезона клубот го претстави...

Останати репрезентацииРепрезентација

Македонските У15 борачи подготвени за Балканското првенство во Хрватска

Македонската репрезентација во борење до 15 години е подготвена за настап на Балканското првенство, кое од денеска започнува во Копривница, Република Хрватска. На...

Поврзани написи
Останато

Десет екипи, ист систем и Шкендија Волеј како дебитант во Втората лига жени

Втората лига жени во сезоната 2026/2027 ќе брои десет екипи, осум „староседелци“,...

Останато

Во градско дерби со Газели Волеј, Работнички Скопје ја започнува одбраната на титулата

Одбојкарките на Работнички Скопје во градско дерби со Газели Волеј на 17...

Останато

ФОТО: Штип УГД во полна пареа пред новата сезона, две проверки со Феризај пред историскиот настап во Лигата на шампионите

Одбојкарскиот шампион на Македонија, Штип УГД, продолжува со подготовките за новата сезона,...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!