Трета лигаФудбал

Тиверија се засили со голгетерот Никола Трајков и Мартин Шутевски

Сподели
ФОТО: ФК Тиверија
Сподели

Третолигашот Тиверија од Струмица ги промовираше последните две зимски засилувања за пролетниот дел од сезоната во Трета лига – Исток. Струмичани го вратија голгетерот Никола Трајков, а го претставија и Мартин Шутевски.

Трајков кој има 23-години покрај за Тиверија има настапувано и за Спартмани, Василево, а ги има минато младинските категории на Академија Пандев.

22-годишниот Шутевски во Тиверија доаѓа од третолигашот Аеродром, претходно беше дел од Петровец, Спартмани, а потекнува од Академија Пандев.

Тиверија презимува на осмото место со десет бодови и ќе цели кон што подобар пласман во пролетниот дел.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

РепрезентацијаФудбалска репрезентација

Информација за македонските навивачи во Љубљана: Еве од каде се тргнува кон „Стожице“

Македонските навивачи кои денеска ќе бидат во Љубљана ќе имаат организиран превоз до стадионот „Стожице“ за вечерашниот натпревар против Словенија во Лигата на...

Останати репрезентацииРепрезентација

Даниел Димевски ги пречека македонските кикбоксери по големиот успех во Италија

Македонската кикбокс репрезентација оствари одличен резултат на ВАКО Светското јуниорско првенство во Лидо Ди Јесоло, Италија, освојувајќи пет медали – три златни и...

Поврзани написи
Прва женска фудбалска лигаФудбал

Скопје лидер по седум кола, Љуботен на бод од врвот, Кочани сè уште без победа „закован“ на дното!

По седум одиграни кола во Првата женска фудбалска лига, актуелниот шампион Скопје...

ФудбалЧетврта лига

ВИДЕО: Четири гола во Подареш, Готен со победа над Младост Муртино

Четвртолигашот Готен од Подареш продолжува со подготовките за новата сезона во Општинската...

Трета лигаФудбал

Одличен старт на Пчиња во Трета лига регион 2 под водство на младиот тренер Никола Цветковиќ

Третолигашот Пчиња одлично ја започна сезоната 2026/27, а еден од најзаслужните за...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!