Прва лигаФудбал

Македонија ЃП до лесна и сигурна победа над Шкупи

Сподели
ФОТО: ФК Македонија ЃП | Instagram
Сподели

Екипата на Македонија Ѓорче Петров со убедлива победа од 3-0 над Шкупи стави крај на резултатската криза и ја запиша првата пролетна радост во Првата македонска фудбалска лига.

„Лавовите“ од самиот старт покажаа дека трите бода остануваат во Ѓорче Петров. Веќе во 10. минута Хамзиќ најдобро се снајде во шеснаесетникот и го отвори резултатот, најавувајќи сигурно попладне за домашниот состав.

Само неколку минути подоцна следуваше уште поубав момент. Гереро повлече контранапад и со прецизен лоб удар го зголеми водството на 2-0. Точката на првото полувреме ја стави младиот Софијаноски, кој во 29. минута со силен удар од дистанца постигна вистински еврогол за 3-0.

Во продолжението темпото очекувано опадна. Македонија ЃП рутински ја контролираше играта, имаше и поништен погодок поради офсајд, но резултатот остана непроменет.

Ова е прв триумф за тренерот Боби Божиновски на клупата на ѓорчепетровци и значајни бодови во битката за опстанок, додека Шкупи останува во последната позиција на табелата.

Сподели

Не пропуштајте

Прва женска фудбалска лигаФудбал

ВИДЕО: Еврогол и хет-трик на 15-годишната Лана Спасовска – голманката на Кочани немоќна!

Екипата на Речица со убедливи 5:1 го совлада Кочани во рамките на 7. коло од Првата женска фудбалска лига и стигна до првата...

КупФудбал

Денес стартува Купот на Македонија во женска конкуренција: Две дерби пресметки, прволигашите фаворити

Денес се играат осмифиналните натпревари од Купот на Македонија во женска конкуренција. Спортска Мрежа претходно ги објави двојките, но и судиите кои ќе...

Поврзани написи
КупФудбал

Денес стартува Купот на Македонија во женска конкуренција: Две дерби пресметки, прволигашите фаворити

Денес се играат осмифиналните натпревари од Купот на Македонија во женска конкуренција....

Трета лигаФудбал

Победа Валандово и Огражден максимални по три кола, три екипи без бодови во Трета лига регион 3

По три одиграни кола во Третата македонска фудбалска лига – Регион 3,...

КупФудбал

КУП: Дарко Стојанов ќе го суди дербито меѓу Каменица Саса и Скопје, Вјолца Изеири ќе им суди на Вардар и Пелистер

Утре се играат натпреварите од осминафиналето од Купот на Македонија во женска...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!