Прва лигаФудбал

Јанков: Шкупи има млад тим кој е желен за докажување, не смееме да ги потцениме

Сподели
ФОТО: ФФМ
Сподели

Македонија Ѓорче Петров освои бод против АП Брера на стартот на пролетта, а сега ќе треба тоа да го завери и со триумф против Шкупи на домашен терен. Ѓорчепетровци ја имаат улогата на фаворити, со оглед на ситуацијата во која се наоѓа Шкупи, но ќе треба и да ја потврдат на теренот.

Искусниот голман Ристе Јанков верува дека Македонија ЃП ќе стигне до триумф, но апсолутно не потценува ниеден противник.

„Шкyпи има променет ростер, со млади играчи кои сакаат да се докажат. Не смееме никако да ги потцениме. Има уште многу натпревари, но секој бод е од клучна важност ако сакаме да го обезбедиме опстанокот во лигата. Кризата се надевам дека ќе се реши брзо. Почнавме подоцна со подготовки, но добивме и неколку квалитетни засилувања и сега полека влегуваме во посакуваната форма. На последниот натпревар со АП Брера, тимот покажа дека во него има борбен дух. Така ќе биде до самиот крај на сезоната, со целосна посветеност и борба на секој натпревар“, заклучи Ристе Јанков.

Натпреварот меѓу Македонија ЃП и Шкупи се игра од 13 часот на стадионот во Ѓорче Петров.

Сподели

Не пропуштајте

Прва лигаФудбал

Виши: Ќе го дадеме максимумот и ќе се бориме до самиот крај

Иако некогаш овој дуел се сметаше за големо градско дерби, оваа сезона ситуацијата на теренот е сосема поинаква, па претстојниот натпревар повеќе наликува...

Втора лигаФудбал

🔴 Во ЖИВО: Седум натпревари од 25. коло на Втора лига

Со седум натпревари денес ќе биде отворено 25. коло на Втората македонска фудбалска лига, а ќе се затвори утре со мечот меѓу Големо...

Поврзани написи
Прва лигаФудбал

Виши: Ќе го дадеме максимумот и ќе се бориме до самиот крај

Иако некогаш овој дуел се сметаше за големо градско дерби, оваа сезона...

Втора лигаФудбал

🔴 Во ЖИВО: Седум натпревари од 25. коло на Втора лига

Со седум натпревари денес ќе биде отворено 25. коло на Втората македонска...

Трета лигаФудбал

Еден натпревар од Втора лига ќе се одигра утре

Денес со седум натпревари се отвара 25. коло на Втората македонска фудбалска...

Трета лигаФудбал

Крстевски ќе им суди на Демир Хисар и Света Троица, Лаброски на Влазними и Кораб

Делегирани судиите за четирите натпревари од 14. коло на Третата македонска фудбалска...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!