Ракомет

„Бутел е млада и амбициозна екипа“ – Кукуловски го најави утрешниот предизвик

Сподели
ФОТО: ГРК Охрид
Сподели

По европската победа над Дукла Прага и чекорот кон четвртфинале, ракометарите на ГРК Охрид, се враќаат на домашните обврски.

Во рамки на 21. коло од Супер лигата, охриѓани во вторник во „Билјанини Извори“ го пречекуваат составот на РК Бутел Скопје, во меч кој доаѓа меѓу двата европски предизвици против Дукла.

И покрај густиот распоред и краткото време за подготовка, во таборот на Охрид владее максимална концентрација. Левиот бек на охриѓани, Дејан Кукуловски, истакнува дека Бутел е квалитетна и млада екипа која игра брз ракомет и секогаш бара шанса за докажување. Тој потенцира дека дисциплината во двете фази од играта ќе биде клучна за оправдување на фаворитската улога.

„После европскиот натпревар нè очекува натпреварот против екипата на Бутел, една одлична екипа составена воглавно од млади играчи кои многу трчаат и сакаат да се докажуваат. Немаме многу време да се подготвуваме поради густиот распоред, но добро ја познаваме екипата на Бутел од домашното првенство и со една дисциплинирана игра- како во напад, така и во одбрана, да ја оправдаме фаворитската улога.“- изјави Кукуловски.

Натпреварот против Бутел ќе биде важен тест за ротацијата и одржувањето на формата пред реваншот во Прага. Охрид ќе се обиде со сигурна и одговорна игра да ги задржи бодовите дома и во позитивна атмосфера да отпатува на европската пресметка викендов. Натпреварот ќе се одигра во 18:00 часот.

Сподели
Напишано од
Сања Секулоска -

Сања Секулоска е спортска новинарка во Спортска Мрежа. Секулоска по професија е магистер на економски науки, која започнува од хоби кон новинарството конкретно во ракометот. Секулоска го следи и европскиот ракомет.

Не пропуштајте

Ракомет

Џатевска останува во Унгарија: Македонската репрезентативка ја продолжи соработката со Сомбатхељи

Македонската ракометарка Ивана Џатевска ќе продолжи да настапува во унгарскиот шампионат, откако официјално го продолжи договорот со Сомбатхељи за сезоната 2026/27. 22-годишната пикерка...

Втора лигаФудбал

Охрид го доживеа првиот сезонски пораз: „Рибарите“ немоќни против Марибор

Екипата на Охрид го доживеат првиот сезонски пораз откако во рамки на 5. коло на ЕРС (eFootball Pro Champions) загуби од тимот на...

Поврзани написи
Ракомет

Џатевска останува во Унгарија: Македонската репрезентативка ја продолжи соработката со Сомбатхељи

Македонската ракометарка Ивана Џатевска ќе продолжи да настапува во унгарскиот шампионат, откако...

Ракомет

Неверојатен пресврт во Автокоманда: Пелистер од -8 до триумф над Алкалоид!

Еурофарм Пелистер одигра меч за паметење и со фантастичен кам-бек славеше на...

Ракомет

🔴 Во ЖИВО: Алкалоид – Еурофарм Пелистер

Дерби натпревар за второто место во Супер лигата – кој ќе ја...

Ракомет

ЕХФ пресече: Двегодишна суспензија и казна за Начевски и Николов

Европската ракометна федерација (ЕХФ) донесе конечна одлука во случајот со македонските судии...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!