Кошарка

МЗТ Скопје ја продолжи Куп-доминацијата – го совлада МКК Куманово во финалето за 14. пехар во витрините

Сподели
ФОТО: Кошаркарска федерација на Македонија
Сподели

МЗТ Скопје уште еднаш потврди зошто е водечка сила во македонската кошарка, откако во финалето на Купот на Македонија „Благоја Георгиевски – Буштур“ убедливо го совлада домаќинот МКК Куманово со 70-96. Со овој триумф, аеродромци стигнаа до четвртиот куп-трофеј во низа и вкупно 14-ти во клупската историја.

Пред околу 3.500 гледачи во Куманово, неизвесност имаше само во воведните минути, кога резултатот беше израмнет (18-18). Потоа следуваше серија на „сино-белите“ од 14-1 за водство од 19-32, со што практично беше најавен исходот. До полувремето МЗТ замина со предност од 15 поени (33-48), а во третиот период разликата порасна и до максимални плус 25.

Најефикасен кај победникот беше Меквин со 23 поени, додека Гил додаде 17. Значаен придонес имаше и Андреј Магдевски со 12 поени, осум скокови и шест асистенции. Во редовите на Куманово, Митевски, Ѓуроски и Луковиќ постигнаа по 13 поени, но тоа не беше доволно за посериозен отпор против разиграниот шампион.

ФОТО: Кошаркарска федерација на Македонија

За МЗТ ова беше 19-то куп-финале, додека Куманово по вторпат играше меч за трофејот – и повторно беше поразен токму од составот од Аеродром. Со оваа победа, МЗТ ја зацврсти позицијата на врвот на „вечната листа“ со 14 трофеи, пред Работнички кој има десет.

Куп-титулата МЗТ првпат ја освоија во 1996 година, а низ историјата по два трофеи имаат Тиквеш и Гостивар, додека по еднаш славеле Вардар, Кочани Деликатес, Карпош Соколи, Амак СП и ТФТ.



Освен Купот, МЗТ сезонава веќе го освои и Суперкупот на Македонија, а амбициите остануваат високи – двојна круна на домашната сцена и сериозен настап во АБА-2 лигата во борбата за место меѓу регионалната елита.



Сподели

Не пропуштајте

Кошарка

Србиновски: Очекувам изедначено првенство, сакаме сезоната да ја отвориме со победа

Новата кошаркарска сезона во Македонија е пред самиот старт, а екипите ги привршуваат последните подготовки пред првите официјални натпревари. Една од екипите која...

Кошарка

Мирковски: Ќе одиме чекор по чекор и ќе го почитуваме секој противник

Шефот на стручниот штаб на Работнички, Владимир Мирковски, е задоволен од сработеното во подготовките и смета дека неговиот тим е подготвен за стартот...

Поврзани написи
Кошарка

Србиновски: Очекувам изедначено првенство, сакаме сезоната да ја отвориме со победа

Новата кошаркарска сезона во Македонија е пред самиот старт, а екипите ги...

Кошарка

Мирковски: Ќе одиме чекор по чекор и ќе го почитуваме секој противник

Шефот на стручниот штаб на Работнички, Владимир Мирковски, е задоволен од сработеното...

Кошарка

Смилковски: Не отстапуваме од целите за висок пласман

Шефот на стручниот штаб на ТФТ, Боро Смилковски, е задоволен од работата...

Кошарка

Спасев: Лигата ќе биде изедначена, секој натпревар ќе биде важен

Новата кошаркарска сезона во Македонија стартува претстојниот викенд, со што и официјално...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!