Останато

Виктор Петков го заврши настапот на ЗОИ на 55-та позиција

Сподели
ФОТО: МОК Christian Petersen/Getty Images
Сподели

Македонскиот алпски скијач Виктор Петков го заврши својот деби настап на Зимските олимписки игри Милано–Кортина 2026 со пласман на 55-тото место во дисциплината велеслалом.

Петков се натпреваруваше во силна светска конкуренција и успеа достојно да ја претстави Македонија. По првото возење, тој се наоѓаше на делба на 57-та позиција со време од 1:27.36 минути.

Велеслаломската трка се возеше во исклучително високо темпо, а за тежината на патеката и квалитетот на конкуренцијата говори и фактот што водечки по првата трка беше Лукас Пињеиро Братен од Бразил, кој на крајот стигна до златниот олимписки медал.

Во второто возење, Петков настапи смирено и тактички зрело, успевајќи да го подобри својот резултат и да напредува две позиции, завршувајќи на конечната 55-та позиција.

Со овој настап, младиот македонски скијач успешно го заокружи своето деби на Олимписките игри, испраќајќи позитивна порака и потврдувајќи дека претставува голем потенцијал и иднина на македонското алпско скијање.

Сподели
Напишано од
Виолета Јанчева -

Виолета Јанчева е поранешна фудбалерка која настапувала за неколку екипи од Првата македонска женска фудбалска лига. Одлично го познава македонскиот фудбал, но генерално и македонскиот спорт.

Не пропуштајте

Кошарка

МЗТ три од три дома, Работнички три од три на гости пред вечното дерби

МЗТ Скопје Аеродром и Работнички влегуваат во дербито од седмото коло со по една серија што ќе биде прекината. Шампионот ги доби сите...

ФудбалФутсал

Две непоразени екипи во Втората футсал лига, две екипи без бодови

По четири одиграни кола во Втората футсал, две екипи немаат пораз, а две екипи немаат бодови. Каршиака и Црна Река не знаат за...

Поврзани написи
Останато

(ФОТО) Радовиш има нови шампиони! Team Carvalho освои десет златни и еден сребрен медал на Државното првенство!

Одличен настап, бројни медали и уште една потврда за квалитетната работа со...

Останато

(ФОТО) Штип УГД ја освои Струмица: Шампионот славеше во големото одбојкарско дерби по вистинска драма!

Актуелниот македонски одбојкарски шампион Штип УГД продолжува со максимален ефект во новата...

Останато

Ждрепка в недела, први борби в понеделник на Европското првенство во кик-бокс во Скопје

Европското првенство во кик-бокс во Скопје денеска почнува со пристигнување на делегациите,...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!