РепрезентацијаФудбалска репрезентација

Селекторот Гоце Седлоски: Ќе бидеме конкурентни против Шкотска и Швајцарија

Сподели
Сподели

Македонската машка А репрезентација ги доби противниците за новото издание на Лигата на нации. Нашата селекција за првпат ќе настапи во Лига Б, а селекторот Гоце Седлоски со голем респект гледа кон ривалите, но истовремено изразува и верба во квалитетот на својот тим.

„Шкотска и Швајцарија се главни фаворити во групата. Станува збор за селекции со континуитет на настапи на големи натпреварувања и учесници на претстојното Светско првенство. Тие поседуваат квалитет и искуство на највисоко ниво, што доволно говори за тежината на предизвикот што нè очекува.

Сепак, во овој циклус не влегуваме со улога на аутсајдер. Нашата цел е да бидеме конкурентни на секој натпревар, без разлика дали играме дома или на гости. Ќе се обидеме да го наметнеме нашиот стил на игра – дисциплиниран, организиран и храбар – и да покажеме дека Македонија заслужено е дел од Лига Б.

Имаме зрела генерација, јасна визија за тоа како треба да изгледаме на теренот и мора да веруваме во сопствениот квалитет. Со максимален фокус, посветеност и силен тимски дух, верувам дека можеме успешно да одговориме на предизвикот“, изјави Седлоски.

Македонската репрезентација со голема мотивација ќе го започне новиот циклус, со цел да остави позитивен впечаток и да освои што повеќе бодови во силната конкуренција. Предизвикот е голем, но во националниот тим владее оптимизам дека со квалитетна игра, дисциплина и заедништво може да се остварат добри резултати и достоинствено да се претстави државата во Лига Б.

Сподели
Напишано од
Виолета Јанчева -

Виолета Јанчева е поранешна фудбалерка која настапувала за неколку екипи од Првата македонска женска фудбалска лига. Одлично го познава македонскиот фудбал, но генерално и македонскиот спорт.

Не пропуштајте

Кошарка

МЗТ три од три дома, Работнички три од три на гости пред вечното дерби

МЗТ Скопје Аеродром и Работнички влегуваат во дербито од седмото коло со по една серија што ќе биде прекината. Шампионот ги доби сите...

ФудбалФутсал

Две непоразени екипи во Втората футсал лига, две екипи без бодови

По четири одиграни кола во Втората футсал, две екипи немаат пораз, а две екипи немаат бодови. Каршиака и Црна Река не знаат за...

Поврзани написи
Ракометна репрезентацијаРепрезентација

РФМ со официјален приговор до ЕХФ: На телевизискиот пренос стоеше NMKD!

Ракометната федерација на Македонија преку соопштение информираше дека ќе поднесе официјален приговор...

Ракометна репрезентацијаРепрезентација

Македонија загуби од Грција во Халкида!

Македонската машка ракометна репрезентација го претрпе првиот пораз во квалификациите за Европското...

Ракометна репрезентацијаРепрезентација

Македонија има позитивна историја со Грција – денеска нова битка во Халкида!

По убедливиот триумф над Луксембург на отворањето на квалификациите за ЕП 2028,...

Останати репрезентацииРепрезентација

Пет круга до целта: Далија Стојановска со 46. место на европското деби во велокрос

Далија Стојановска ги извози сите пет круга на јуниорската трка на Европското...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!