Ракомет

Ново десно крило за „црвено-црните“ – Воркапиќ пристигнува порано од планираното

Сподели
ФОТО: РК Војводина
Сподели

Македонскиот вицепрвак Вардар го засилува ростерот со српското десно крило- Вукашин Воркапиќ. Играчот, кој настапуваше за Војводина, веќе е на пат кон Скопје и во наредните денови ќе му се стави на располагање на стручниот штаб, јавува „Моцарт Спорт“.

Првично, планот беше Воркапиќ да се приклучи на „црвено-црните“ од следната сезона, но управата успеа трансферот да го реализира порано, во зимскиот преоден рок. Со тоа, Вардар добива силно и квалитетно решение на позицијата десно крило во клучниот дел од сезоната.

28-годишниот ракометар ја започна својата кариера во Металопластика, каде што се афирмираше и стана стандарден член на репрезентацијата на Србија. Во 2021 година замина во Франција, каде што две сезони настапуваше за Иври, пред да се врати во Србија и да потпише за Војводина.


Сподели
Напишано од
Сања Секулоска -

Сања Секулоска е спортска новинарка во Спортска Мрежа. Секулоска по професија е магистер на економски науки, која започнува од хоби кон новинарството конкретно во ракометот. Секулоска го следи и европскиот ракомет.

Не пропуштајте

Втора лигаФудбал

Охрид го држи врвот со натпревар помалку, Пелистер и Брера најблиску, на дното Шкупи без бодови

По пет одиграни кола, со тоа што второто коло и петтото не се комплетирани, време е за првата „лупа“ на табелата во Втората...

Прва лигаФудбал

ФК Скопје се засили со Брадаровски и Гордич

ФК Скопје продолжува со засилувањето на составот, а клубот во своите редови донесе две искусни имиња – Владица Брдаровски и Милош Гордич. Брдаровски...

Поврзани написи
Ракомет

Костов блесна против шампионот: 15 гола од 15 обиди за охриѓанецот!

Охриѓанецот Наум Костов одигра натпревар за паметење во дресот на Куманово и...

Ракомет

Пелистер, Алкалоид, Вардар и Тиквеш со победи во Супер лигата!

Четири натпревари од Супер машката лига донесоа очекувани победи на фаворитите, но...

Ракомет

„Добро бевме подготвени за натпреварот, а тоа го покажавме и на теренот“ – Ивановски по триумфот на Охрид во Езерското дерби!

Охрид убедливо го доби Езерското дерби, откако „гладијаторите“ со сигурна и доминантна...

Ракомет

ФОТО: Младост прокоцка голема предност и на крај загуби од Прилеп

Ракометарите на Младост беа на чекор од првата сезонска победа, но на...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!