Прва лигаФудбал

Албан Таипи се раздели со Арсими

Сподели
Сподели

Албан Таипи ја заврши својата епизода во прволигашот Арсими и кариерата ќе ја продолжи во нова средина, по едногодишен престој во тимот од Чегране.

Таипи во Арсими пристигна од второлигашот Детонит Плачковица и во изминатата сезона остави силен впечаток.

Иако заминува по релативно краток период, зад себе остава значаен придонес, постигнувајќи шест гола и играјќи во одлична форма во тековната сезона.

„Му се заблагодарувам на клубот, раководството, тренерите и соиграчите за соработката и поддршката во текот на оваа година. Среќен сум што имав можност да придонесам со голови и да бидам дел од една успешна сезона. На Арсими му посакувам многу успеси и уште поголеми достигнувања во иднина“, истакна Таипи.

Во својата кариера, покрај Арсими и Детонит Плачковица, Таипи настапуваше и за Беса од Добри Дол, Ренова, како и за унгарските екипи Халадаш и Сентлeринц.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

ФудбалФутсал

Проект одбрана на титулата ја стартува од Валандово, дерби на Форца и Шкупи, предизвик за новите прволигаши

Утре во Валандово стартува новата сезона во Првата футсал лига, Проект ја брани двојната круна, а два поранешни шампиони сакаат да го соборат...

Ракомет

Каркалашев: Со полна сала и максимална мотивација можеме до првата победа против Еурофарм Пелистер 2

Младост во претходното коло пропушти можност за прва сезонска радост против Мулти Есенс, откако ремизираше и во Богданци се врати во бод, фокусот...

Поврзани написи
Втора лигаФудбал

(ФОТО СТАТИСТИКА) Дерби во Струмица под рефлектори: Беласица против Пелистер

Седмото коло на Втората македонска фудбалска лига ќе се заокружи со дерби...

Трета лигаФудбал

Вардар Неготино суспендиран од Трета лига регион 4 поради неисполнети финансиски обврски

Нови проблеми за ГФК Вардар Неготино, откако клубот минатата сезона испадна од...

КупФудбал

КУП: Истатов домаќин на Тиверија Брера, Каменица Саса ќе има лесна задача, Пелистер и Љуботен домаќини

Денес беа извлечени двојките за четвртфиналето од Купот на Македонија во женска...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!