Останато

„Два од два“ за Васе Михаилов како главен тренер на Струмица, ГОК Борец убедлив, високи победи во плеј-аутот!

Сподели
ФОТО: ОК Струмица
Сподели

Одбојкарите на Струмица забележаа победа над Сушево со резултат од 3-2 во сетови пред домашната публика во рамки на 3. коло на плеј-офот.

Во првиот сет Сушево беше подобар со 18:25, а пак во вториот сет Струмица успеа да го освои истиот со резултат од 27:25 за конечни 1-1 во сетови. Во третиот сет Сушево беше подобар со 23:25 за ново водство од 1-2 во сетови.

Возбудувања продолжи, откако во четвртиот сет со 27:25 струмичани израмнија на 2-2 во сетови, а пак во третиот сет шампионот кој е значително подмладен беше подобар со 16:14 за конечни 3-2 во сетови.

„Деца немам коментар, дишеме како едно и сите го живееме заедно нашиот сон, само полека и мирно по земја, млади сме и неискусни, времето е на наша страна“, вели Васе Михаилов тренер на Струмица.

ГОК Борец без проблеми го совлада Универзитет во Тетово со 3-0 во сетови (25:11, 25:18 и 25:18).

Третата рунда од плеј-офот се комплетира утре со мечот меѓу Работнички и Штип УГД.

Во плеј-аутот беа забележани три убедливи победи, од кои една домашна и две гостински. Екипата на Шкендија со 3-0 во сетови го доби убедливо составот на Јанта Волеј (25:19, 25:9 и 26:24).


Македонија Џио на домашен терен загуби од Лирија со 1-3 во сетови. Првиот сет му припадна на гостинот со 19:25, а пак во вториот домаќинот израмни на 1-1 откако сетот го освои со 25:21. Драмата во третиот сет ја доби Лирија со 21:25, а пак во четвртиот сет со 11:25 славеше Лирија за конечни 1-3 во сетови.

Весна Пробиштип на домашен терен беше декласирана од Скопје со 0-3 во сетови (19:25, 15:25 и 18:25).


Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Втора лигаФудбал

Пелистер и Брера без победник, Кожуф го совлада Шкупи, историска победа за Камјани

Пелистер и Брпера одиграа без победник, 0-0, во натпревар во кој гостинскиот состав успеа да стигне до голем бод и покрај тоа што...

Ракомет

Ројевиќ по ремито со Загреб: „На полувреме се фативме за рака и си рековме дека одиме со потполно друга енергија“

Охрид е во финалето на меморијалниот турнир „Крсте Андоновски“, откако вчера одигра реми (30-30) против Загреб. Бодот беше доволен за „гладијаторите“ да го...

Поврзани написи
Останато

ОФМ ги подготвува судиите за новата сезона, отворен повик за нови судиски кадри

Судиската организација при Одбојкарската федерација на Македонија започна со подготовките за новата...

Останато

Две титули за Сара Митевска на турнирот во Скопје Југ Опен 2026

Младата македонска тенисерка Сара Митевска (16) со два трофеи го заврши настапот...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!