Трета лигаФудбал

Третолигашот БВК Коњаре се засили со Гзим Бакиу и Никола Павлески

Сподели
ФОТО: ФК БВК Коњаре
Сподели

Екипата на БВК Коњаре за пролетниот дел во Трета лига – Север ќе биде посилна со Гзим Бакиу и Никола Павлески, откако клубот ги претстави како нови зимски засилувања.

24-годишниот Бакиу во БВК Коњаре доаѓа од редовите на Куманово и всушност е повратник, бидејќи во период од август 2021 до февруари 2025 година го носеше дресот на БВК Коњаре.

Претходно низ неговата кариера беше дел од Башкими Љуботен, Вардар Форино, Струга Трим Лум, Велазерими од Кичево и Металург.

Павлески кој има 21 година во БВК Коњаре пристигна од прилепска Победа, а во минатото беше дел и од Вардар Неготино, Слога Виница, Македонија ЃП и Вардар од каде и ја започна кариерата.


Во пролетниот дел БВК Коњаре кој презимува на второто место ќе води пролетна борба за лидерот Еуромилк ГЛ за првото место, а со тоа и обезбедување на баражот за Втора лига.

Сподели
Напишано од
Виолета Јанчева -

Виолета Јанчева е поранешна фудбалерка која настапувала за неколку екипи од Првата македонска женска фудбалска лига. Одлично го познава македонскиот фудбал, но генерално и македонскиот спорт.

Не пропуштајте

Ракомет

(ВИДЕО) Еурофарм Пелистер со нов брендиран автобус: „Само еден тим, само еден град“

Еурофарм Пелистер продолжува со унапредување на условите за функционирање на клубот, а најновата новина е модерниот и брендиран клупски автобус со кој ракометарите...

ФудбалФутсал

КМФ Проект отвора нова страница: Македонскиот шампион останува верен на концептот со млади играчи

КМФ Проект влегува во новата натпреварувачка сезона со јасна визија – продолжување на развојот на сопствените млади играчи, градење на тим за долгорочен...

Поврзани написи
ФудбалФутсал

КМФ Проект отвора нова страница: Македонскиот шампион останува верен на концептот со млади играчи

КМФ Проект влегува во новата натпреварувачка сезона со јасна визија – продолжување...

ИнтернационалциФудбал

ФОТО: Брера пристигна во Андора, одработен последниот тренинг пред утрешниот меч во младинската Лига на шампиони

Брера Струмица пристигна во Андора, младинскиот тим денес го имаше последниот тренинг...

Втора женска фудбалска лигаФудбал

Осум екипи во новата сезона на Втората женска лига, дури четири дебитанти и еден повратник

Новата сезона во Втората македонска женска фудбалска лига ќе донесе изменет состав...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!