Екипата на Шкупи натпреварот од 17. коло, односно првата пролетна рунда во Првата македонска фудбалска лига против Тиквеш, ќе го одигра на Градскиот стадион во Кавадарци.
Како што е познато, стадионот во Чаир е под суспензија, поради што Тиквеш ќе настапи како формален гостин на сопствениот терен, пред својата публика.
Шкупи се соочува со сериозни проблеми оваа сезона и се наоѓа на последната позиција на табелата и се поизвесно испаѓање во Втората лига. Стартот на пролетниот дел за „фенерџијата“ носи исклучително тежок предизвик, бидејќи Тиквеш, како формален гостин, ќе важи за фаворит за освојување на трите бодови и успешен почеток на вториот дел од сезоната.
Натпреварот ќе се одигра во вторник, со почеток од 14 часот.