КошаркаКошаркарска репрезентацијаРепрезентација

Македонија домаќин на Европското првенство У16 „Б“ дивизија

Сподели
ФОТО: Кошаркарска федерација на Македонија
Сподели

Кошаркарската федерација на Македонија извести дека ФИБА Европа, донесе одлука Европското првенство во „Б“ Дивизија, во категорија У16-мажи, да ѝ го додели на организација на Македонската кошаркарска федерација.

„Како федерација, со големо задоволство и целосна одговорност, ја прифаќаме оваа одлука на ФИБА Европа, која претставува уште една потврда за довербата во нашите организациски капацитети и искуство во реализација на меѓународни натпреварувања. Европското првенство У16 – „Б“ дивизија ќе се одржи во периодот од 5. до 16. август, а на шампионатот ќе настапи и машката репрезентација на Македонија во оваа возрасна категорија. Убедени сме дека нашите млади кошаркари ќе ја претставуваат државата на достоен начин и ќе дадат максимум на ова значајно меѓународно натпреварување, кое воедно ќе биде и голем празник за македонската кошарка“, велат од кошаркарската федерација.

Кошаркарската федерација на Македонија навремено ќе ја информира јавноста за сите дополнителни детали поврзани со организацијата и одржувањето на првенството.

Сподели

Не пропуштајте

Кошарка

МЗТ три од три дома, Работнички три од три на гости пред вечното дерби

МЗТ Скопје Аеродром и Работнички влегуваат во дербито од седмото коло со по една серија што ќе биде прекината. Шампионот ги доби сите...

ФудбалФутсал

Две непоразени екипи во Втората футсал лига, две екипи без бодови

По четири одиграни кола во Втората футсал, две екипи немаат пораз, а две екипи немаат бодови. Каршиака и Црна Река не знаат за...

Поврзани написи
Кошарка

МЗТ три од три дома, Работнички три од три на гости пред вечното дерби

МЗТ Скопје Аеродром и Работнички влегуваат во дербито од седмото коло со...

Кошарка

ГКК Штип го шокираше Пелистер среде Битола, МЗТ Скопје сигурен во градското дерби – Работнички останува лидер!

Шестото коло од МТЕЛ кошаркарската Суперлига донесе голема гостинска победа на ГКК...

Кошарка

Работнички преживеа драма со Кожув за шеста победа, Тиквеш со голем пресврт ја освои Струмица!

Шестото коло од МТЕЛ кошаркарската Суперлига донесе два интересни натпревари со неизвесни...

Ракометна репрезентацијаРепрезентација

РФМ со официјален приговор до ЕХФ: На телевизискиот пренос стоеше NMKD!

Ракометната федерација на Македонија преку соопштение информираше дека ќе поднесе официјален приговор...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!