Останато

Шевченко го објави составот: Македонија без Калин Ивановски против Кипар

Сподели
ФОТО: ТФМ
Сподели

Македонската Дејвис куп репрезентација следниот викенд ја очекува првиот настап во 2026 година. Македонските тенисери гостуваат на Кипар во дуел од Втората светска зона.

Селекторот Горан Шевченко за овој меч ги повика Стефан Мицов, Амар Хусеиновиќ, Кристијан Јанев и Марко Алексовски. Најдобриот македонски тенисер Калин Ивановски нема да биде во составот, бидејќи според информациите од неговиот тим од САД не е доволно подготвен за настап.

Шевченко посочи дека е можна промена на списокот на тенисери и еден ден пред почетокот на мечевите.

Кипар во овој дуел ќе настапи со Мелиос Естатиу (787. АТП сингл – 506. дубл), Фотос Фотиадес (1.782 сингл – 1.669 дубл), Никола Кембел, Константинос Мегалемос и Елефтериос Неос.

Натпреварот ќе се игра во Никозија на тврда подлога. Во сабота (7 февруари) на програмата се два сингл меча, додека во недела (8 февруари) прво ќе се игра мечот во двојки, а потоа и преостанатите два сингл дуели.

Македонската репрезентација изминативе денови тренираше во Скопје, а утре заминуваат за Никозија.

Сподели
Напишано од
Виолета Јанчева -

Виолета Јанчева е поранешна фудбалерка која настапувала за неколку екипи од Првата македонска женска фудбалска лига. Одлично го познава македонскиот фудбал, но генерално и македонскиот спорт.

Не пропуштајте

Кошарка

МЗТ три од три дома, Работнички три од три на гости пред вечното дерби

МЗТ Скопје Аеродром и Работнички влегуваат во дербито од седмото коло со по една серија што ќе биде прекината. Шампионот ги доби сите...

ФудбалФутсал

Две непоразени екипи во Втората футсал лига, две екипи без бодови

По четири одиграни кола во Втората футсал, две екипи немаат пораз, а две екипи немаат бодови. Каршиака и Црна Река не знаат за...

Поврзани написи
Останато

(ФОТО) Радовиш има нови шампиони! Team Carvalho освои десет златни и еден сребрен медал на Државното првенство!

Одличен настап, бројни медали и уште една потврда за квалитетната работа со...

Останато

(ФОТО) Штип УГД ја освои Струмица: Шампионот славеше во големото одбојкарско дерби по вистинска драма!

Актуелниот македонски одбојкарски шампион Штип УГД продолжува со максимален ефект во новата...

Останато

Ждрепка в недела, први борби в понеделник на Европското првенство во кик-бокс во Скопје

Европското првенство во кик-бокс во Скопје денеска почнува со пристигнување на делегациите,...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!