Останато

Шевченко: По 20 години сме на повисоко ниво, но без Ивановски ќе биде потешко против Кипар

Сподели
ФОТО: ТФМ
Сподели

Македонската Дејвис куп репрезентација ги привршува подготовките за првиот дуел во 2026 година, во кој ќе гостува кај селекцијата на Кипар. Нашите тенисери тренираат во Скопје, а ќе имаат и неколку дена за дополнителна адаптација и подготовки во Никозија.

Селекторот Горан Шевченко истакна дека репрезентацијата во последните години направила значителен напредок, но дека отсуството на Калин Ивановски ќе биде голем хендикеп.

По 20 години сме на едно повисоко ниво. Лани во Скопје постигнавме убав успех. Имаме добри тенисери кои можат да играат за репрезентацијата. Секако, проблем е што нашиот најдобар играч Калин Ивановски нема да настапи. Тој е во САД и сè уште не е подготвен за мечеви од ова ниво, физички и психички. Промена на играч може да направиме и еден ден пред почетокот на мечевите, изјави Шевченко.

Кипар во моментов е подобро рангирана репрезентација од Македонија, а Шевченко нагласи дека домаќинот има тенисери со АТП пласман и искуство на тврда подлога.

Кипар има еден играч со ранг на АТП листата на 787. место, а вториот е на 1.782 место. Тие во текот на целата година играат пред сè на тврда подлога, на која ќе играме и сега, додаде селекторот.

Овој дуел е од Втората светска зона во Дејвис купот. Со евентуална победа, Македонија во септември ќе игра против една од репрезентациите кои ќе бидат поразени во Првата светска зона, а противникот ќе биде одреден со ждрепка и постои можност нашата селекција да биде домаќин.

Во случај на пораз, македонските тенисери во јуни ќе настапат во Третата зона, во група со 6-8 репрезентации, како што беше и лани во Скопје, а постои шанса и тие натпревари повторно да се играат во главниот град.

Македонската Дејвис куп репрезентација утре рано наутро ќе патуваат за Никозија.  Мечот против Кипар е закажан за следниот викенд, на 7 и 8 февруари.

Сподели
Напишано од
Виолета Јанчева -

Виолета Јанчева е поранешна фудбалерка која настапувала за неколку екипи од Првата македонска женска фудбалска лига. Одлично го познава македонскиот фудбал, но генерално и македонскиот спорт.

Не пропуштајте

Кошарка

Соколи 1933 го засили ростерот со Костоски и Александровски!

КК Соколи 1933 продолжува со создавањето на конкурентен состав за новата сезона, а штипскиот клуб во своите редови донесе две искусни македонски имиња...

Прва женска фудбалска лигаФудбал

Марија Бојкова се врати во ЖФК Кочани

Прволигашот Кочани кој минатата сезона преку бараж избори опстанок се засили со Марија Бојкова, која е повратничка во редовите на поранешниот шампион на...

Поврзани написи
Останато

Две титули за Сара Митевска на турнирот во Скопје Југ Опен 2026

Младата македонска тенисерка Сара Митевска (16) со два трофеи го заврши настапот...

Останато

Дарио Ивановски го заврши маратонот на ЕП во Бирмингем на 46. место

Нашиот најдобар атлетичар на долги патеки, Дарио Ивановски, денес настапи на Европското...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!