Европско првенство 2026Ракомет

Драма до последната секунда: Португалија го освои петтото место на ЕП!

Сподели
ФОТО: Принтскрин
Сподели

Ракометната селекција на Португалија ја заврши својата европска авантура со тесна победа над Шведска, освојувајќи го петтото место на Европското првенство. Натпреварот заврши со 36-35, а херој на мечот беше Мартим Кошта, кој погоди во последните секунди и донесе огромна радост на Португалија.

Дуелот започна со блага предност за Португалците, кои во текот на првото полувреме никогаш не ја надминаа предноста од три гола. Шведска не дозволуваше голема разлика, па на паузата екипите заминаа со нерешен резултат 16-16.

Истиот динамичен ритам продолжи и во второто полувреме, каде Швеѓаните неколку пати имаа минимална предност. Во 50. минута Португалија водеше со 27-26, но следеше напната завршница: Шведска на пет минути до крајот стигна до плус два.

Клучниот момент настапи по тајм-аутот повикан од португалската клупа. Следеше серија брзи акции „гол за гол“. Шведска успеваше да ја задржи минималната предност до последната минута, но две грешки беа фатални. Португалците поведеа со 35-34, а потоа, откако „викинзите“ израмнија на 35-35, дојде последниот напад. Топката стигна до Мартим Кошта, кој од десетина метри го погоди победничкиот гол, за конечни 36-35.


Најдобар стрелец кај Шведска беше Лукас Сандел со осум гола, додека кај Португалија Мартим Кошта постигна исто толку, вклучувајќи го и решавачкиот погодок во последната секунда.

Сподели
Напишано од
Сања Секулоска -

Сања Секулоска е спортска новинарка во Спортска Мрежа. Секулоска по професија е магистер на економски науки, која започнува од хоби кон новинарството конкретно во ракометот. Секулоска го следи и европскиот ракомет.

Поврзани написи
РакометРакометна репрезентација

Томовски блескаше, Кузмановски предводеше: Македонија сигурна против Словачка!

Македонската машка ракометна репрезентација направи голем чекор кон нов настап на Светското...

Ракомет

Македонија вечерва го отвора баражот за пласман на Светското првенство

Вечерва од 19:00 часот во „Татран Арена“ во Прешов, машка ракометна репрезентација...

Ракомет

Јовановски останува со Чупиќ, Нечовски доби промоција во сениорскиот тим!

Раководството на клубот продолжува со градење на тимот за наредната сезона, па...

Ракомет

Француско засилување за ГРК Охрид: Адама Кеита носи големо искуство!

ГРК Охрид продолжува со засилувањата за новата сезона, а петто ново име...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!