Ракомет

Македонија носител во баражот за СП 2027: Познати шеширите пред утрешната ждрепка

Сподели
ФОТО: РФМ
Сподели

Европската ракометна федерација официјално ги објави шеширите пред ждрепката за бараж-натпреварите за пласман на Светското првенство во 2027 година, која ќе се одржи утре. Македонската репрезентација влегува во извлекувањето со поволна позиција и статус на носител.

Со победата над Романија и ремито против силната Португалија, Македонија го освои третото место во групата и си обезбеди место во првиот шешир. Тоа значи дека нашата селекција ќе ги избегне најсилните европски репрезентации во баражот, меѓу кои се Франција, Норвешка, Шпанија и Словенија.

Во оваа фаза, репрезентациите се поделени во два шешира, а секој носител ќе добие противник од вториот шешир, во двомеч што ќе го одлучи патникот на мундијалската сцена.

ШЕШИРИ ЗА БАРАЖОТ 

Прв шешир (носители):

Франција, Словенија, Норвешка, Унгарија, Шпанија, Швајцарија, Фарски Острови, Македонија, Холандија, Австрија

Втор шешир:

Чешка, Италија, БиХ/Косово, Грузија/Израел, Украина/Словачка, Србија/Литвванија, Полска/Летонија, Турција/Романија, Грција/Белгија, Финска/Црна Гора

Ждрепката за бараж-паровите е закажана за в сабота со почеток од 15:00 часот, по што Македонија ќе го дознае противникот во борбата за место на Светското првенство во 2027 година.

Сподели
Напишано од
Сања Секулоска -

Сања Секулоска е спортска новинарка во Спортска Мрежа. Секулоска по професија е магистер на економски науки, која започнува од хоби кон новинарството конкретно во ракометот. Секулоска го следи и европскиот ракомет.

Не пропуштајте

Прва лигаФудбал

Колото се отвара во петок, дербито меѓу Струга и Шкендија се игра во сабота

Познати е распоредот на натпреварите за 13. коло на Првата македонска фудбалска лига, а кое коло се отвара во петок, а ќе се...

ИнтернационалциФудбал

(ФОТО) Брера Струмица подготвена за реваншот со Хофенхајм: Три гола негатива, но и голем мотив за ново европско докажување!

Македонскиот шампион Брера Струмица вечерва го одработи последниот официјален тренинг во Германија, во пресрет на утрешниот реванш натпревар против германски Хофенхајм, во рамките...

Поврзани написи
Ракомет

Ројевиќ не ги заборава успесите со Војводина: Поранешниот клуб му посвети посебна порака!

Репрезентативната пауза донесе и средба со минатото за тренерот на ГРК Охрид,...

Ракомет

Охриѓани со густ распоред во ноември: Пет натпревари, европски двомеч и големо дерби во Битола!

Ракометарите на ГРК Охрид ги очекува исклучително  напорен ноември, во кој ќе...

Ракомет

Вардар го сопре Пелистер, но следниот противник е само два бода зад него

Вардар со победата од 31:23 над Еурофарм Пелистер остана единствениот непоразен состав...

Ракомет

Преполн „Млаз“, голема борба и враќање од минус шест – Младост се доближи на два гола, но Тиквеш ги однесе бодовите!

Ракометарите на Младост 1977 не успеаја да ја остварат првата сезонска победа...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!