НекатегоризираноРакомет

Крсманчиќ не е повеќе дел од ГРК Охрид

Сподели
ФОТО: ГРК Охрид
Сподели

Ракометниот клуб Охрид влегува во продолжението од сезоната со промени во играчкиот кадар. Дел од интернационалците, веќе нема да бидат дел од тимот на пролет, а клубот веќе ја редефинира ротацијата на бековските позиции.

Една од промените е заминувањето на српскиот интернационалец Младен Крсманчиќ, со кого не е продолжена соработката. Информацијата е потврдена од охридскиот клуб, а ракометарот, кој пристигна на почетокот од сезоната од Вардар, не успеа да се избори за поголема минутажа кај тренерот Борис Ројевиќ.

Според најавите, Крсманчиќ ќе ја продолжи кариерата во Србија, каде се очекува да стане нов член на вицешампионот Војводина. Таму би требало да ја пополни празнината која ќе остане по заминувањето на Стефан Додиќ во унгарски Веспрем.

Во меѓувреме, охриѓани веќе се разделија и со левиот бек Теимураз Орјоникидзе, со кого договорот беше спогодбено раскинат. Така, во плејмејкерската линија како главна опција останува словенечкиот интернационалец Тилен Стрмљан, додека хрватскиот ракометар Ловро Јотиќ во моментов е надвор од теренот, поради повреда.

Охрид продолжува со корекција на ростерот во склад со амбициите за вториот дел од сезоната, а во наредниот период се очекува клубот дополнително да ја заокружи играчката слика за настапите во Супер лигата и европските предизвици.

Сподели
Напишано од
Сања Секулоска -

Сања Секулоска е спортска новинарка во Спортска Мрежа. Секулоска по професија е магистер на економски науки, која започнува од хоби кон новинарството конкретно во ракометот. Секулоска го следи и европскиот ракомет.

Не пропуштајте

Ракомет

Илиќ: Публиката во Богданци е нашиот осми играч, против Пелистер 2 очекувам машки натпревар, целта е прва победа

Младост во сабота во салата „Млаз“ во Богданци ќе ја бара првата сезонска победа во шестото коло на Суперлигата против Еурофарм Пелистер 2...

ФудбалФутсал

„Пукна бомбата“: Марио Благојевски останува во шампионот Проект

Тоа што го најави Спортска Мрежа во текот на вчерашниот ден доби на потврда, македонскиот репрезентативец Марио Благојевски останува во шампионот Проект и...

Поврзани написи
Ракомет

Зечевиќ пред дербито со Алкалоид: „Верувам во својата екипа, ќе ја израдуваме охридската публика“

По убедливиот пораз на гостувањето кај Вардар во минатото коло, ракометарите на...

Ракомет

Пелистер до првиот европски бод, Кузмановски со капитенска партија за паметење!

Еурофарм Пелистер стигна до првиот бод во новата сезона во Европската лига,...

Ракомет

ЕКСКЛУЗИВНО: Моралес пред Вардар – Висла: „Два бода од „Јане Сандански“ се многу тешка задача!“

Вардар го очекува нов европски предизвик во Лигата на шампионите, а на...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!