Ракомет

Охрид подготвува силен трансфер: Вуко Борозан блиску до „Билјанини извори“!

Сподели
ФОТО: РК Вардар
Сподели

Ракометниот клуб Охрид продолжува да ја потврдува сериозноста на својот проект и високите амбиции за продолжението од сезоната. По одличните резултати во домашното првенство и историскиот настап во Европа, охриѓани се на прагот да договорaт уште едно големо засилување во бековската линија.

Според сознанијата кои ги имаме, нов член на охридскиот состав би можел да стане искусниот лев бек Вуко Борозан, кој по разделбата со Вардар е во потрага по нов клуб. Црногорскиот ракометар се поврзуваше со неколку опции – камбек во татковината, ангажман во Словенија или трансфер на Блискиот Исток, но сè поизвесно е дека ќе остане во македонскиот ракомет.

Охрид во меѓувреме се раздели со Младен Крсманчиќ и Теимураз Орјоникидзе, со што се отвори простор за ново име во бековската ротација. Потенцијалното доаѓање на Борозан би значело значително засилување за тимот на Борис Ројевиќ – играч со богато искуство, силен шут и цврстина во двете фази од играта.

Резултатите од есенскиот дел од сезоната јасно говорат за напредокот на охриѓани. Во салата „Билјанини извори“ паднаа и Еурофарм Пелистер и Алкалоид, а клубот за првпат ќе презими во Европа, со реални шанси за продолжување на настапот во Купот на ЕХФ.

Доколку трансферот биде официјализиран, Борозан би потпишал договор до крајот на сезоната и би бил важна алка во битките и во Супер лигата и на европската сцена. За него, Охрид би бил трет македонски клуб во кариерата, по настапите за Металург и Вардар.

Со ваквиот потег, Охрид уште еднаш покажува дека не гради тим за краток рок, туку проект кој има амбиција да се позиционира меѓу најсилните во македонскиот ракомет. Останува да се види кога клубот официјално ќе го потврди трансферот и под кои услови искусниот бек ќе пристигне покрај Охридското Езеро.

Сподели
Напишано од
Сања Секулоска -

Сања Секулоска е спортска новинарка во Спортска Мрежа. Секулоска по професија е магистер на економски науки, која започнува од хоби кон новинарството конкретно во ракометот. Секулоска го следи и европскиот ракомет.

Не пропуштајте

Младински фудбалФудбал

Голем хуман гест за голем јубилеј: Фудбалската школа „Еден на Еден“ од Могила слави 15 години со добротворна акција!

Фудбалската школа „Еден на Еден“ од Могила одлучи својот 15-годишен јубилеј да го одбележи на посебен начин – наместо со традиционална прослава, младите...

Прва женска фудбалска лигаФудбал

Каранфиловска и Коловска за важни три бода: Истатов го совлада Кочани, кој остана „закован“ на дното

Фудбалерките на Истатов го совладаа Кочани со 2:0 во последниот натпревар од 11. коло на Првата женска фудбалска лига. Ања Каранфиловска и Андреа...

Поврзани написи
Ракомет

Ројевиќ не ги заборава успесите со Војводина: Поранешниот клуб му посвети посебна порака!

Репрезентативната пауза донесе и средба со минатото за тренерот на ГРК Охрид,...

Ракомет

Охриѓани со густ распоред во ноември: Пет натпревари, европски двомеч и големо дерби во Битола!

Ракометарите на ГРК Охрид ги очекува исклучително  напорен ноември, во кој ќе...

Ракомет

Вардар го сопре Пелистер, но следниот противник е само два бода зад него

Вардар со победата од 31:23 над Еурофарм Пелистер остана единствениот непоразен состав...

Ракомет

Преполн „Млаз“, голема борба и враќање од минус шест – Младост се доближи на два гола, но Тиквеш ги однесе бодовите!

Ракометарите на Младост 1977 не успеаја да ја остварат првата сезонска победа...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!