Европско првенство 2026Ракомет

Хернинг подготвен за полуфиналињата на ЕП

Сподели
ФОТО: Принтскрин
Сподели

Европското ракометно првенство влегува во својата највозбудлива фаза. Денеска во дански Хернинг започнува финалниот викенд, кој ќе ги донесе одлуките за медалите и новиот европски шампион.

Во фокусот на денешната програма се двете полуфинални средби, во кои ќе настапат четири селекции со различни традиции, но и со јасна цел – место во големото финале. Интересно, сите освојувачи на европската титула од 2018 година наваму веќе се елиминирани, а меѓу полуфиналистите има и репрезентации што сè уште го чекаат своето прво злато.

Првото полуфинале е закажано во 17:45 часот, кога ќе се сретнат Хрватска и Германија. Хрватската селекција до полуфиналето стигна како победник во групата 2 во Малме, откако во драматичен дуел ја совлада Унгарија со 27:25. Германија, пак, го обезбеди второто место во групата 1, зад Данска, со убедливата победа над Франција од 38:34.

Ова е десетто полуфинале на Европско првенство за Хрватска, која и понатаму ја брка својата прва европска титула, додека Германија го игра седмото полуфинале, со веќе освоени злата во 2004 и 2016 година. Историјата е на страната на Хрватите, кои имаат пет победи во шест меѓусебни дуели на ЕП, но Германците ќе се обидат да го искористат позитивниот биланс од подготвителниот период, кога двапати ја совладаа Хрватска.

Во второто полуфинале, од 20:30 часот, ќе се сретнат Данска и Исланд. Данците доминираа во групата 1 и ја завршија главната фаза со максимални осум бодови, додека Исланд го освои второто место во групата 2, пред Шведска, благодарение на подобриот меѓусебен дуел.

За Исланд ова е прво полуфинале на Европско првенство по 2010 година, додека Данска има значително поголемо искуство, со десет полуфинални настапи и две европски титули. Дуелот носи и индивидуален квалитет, бидејќи на теренот ќе се најдат некои од најдобрите стрелци и голмани на турнирот.

Пред полуфиналните натпревари, ќе се одигра и мечот за петтото место меѓу Португалија и Шведска. Иако без резултатско значење, дуелот ќе биде борба за престиж, со оглед на тоа што двете селекции веќе обезбедија пласман на Светското првенство во Германија следната година.

Сподели
Напишано од
Сања Секулоска -

Сања Секулоска е спортска новинарка во Спортска Мрежа. Секулоска по професија е магистер на економски науки, која започнува од хоби кон новинарството конкретно во ракометот. Секулоска го следи и европскиот ракомет.

Поврзани написи
РакометРакометна репрезентација

Томовски блескаше, Кузмановски предводеше: Македонија сигурна против Словачка!

Македонската машка ракометна репрезентација направи голем чекор кон нов настап на Светското...

Ракомет

Македонија вечерва го отвора баражот за пласман на Светското првенство

Вечерва од 19:00 часот во „Татран Арена“ во Прешов, машка ракометна репрезентација...

Ракомет

Јовановски останува со Чупиќ, Нечовски доби промоција во сениорскиот тим!

Раководството на клубот продолжува со градење на тимот за наредната сезона, па...

Ракомет

Француско засилување за ГРК Охрид: Адама Кеита носи големо искуство!

ГРК Охрид продолжува со засилувањата за новата сезона, а петто ново име...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!