Останато

Ален Рустемовски најдобар спортист, Катерина Попева најдобра спортистка за 2025

Сподели
Сподели

Вчера се одржа 71. издание на манифестацијата „Спортисти на годината за 2025“, на кое македонскиот спорт беше собран на едно место, а беа доделени и признанија за најуспешните спортисти, тренери и федерации.

На свечената церемонија, за најуспешен спортист за 2025 година заслужено беше избран боксерот Ален Рустемовски, освојувач на сребрен медал од Европското првенство до 23 години во Ереван (Ерменија).

Признанието за најдобра спортистка за 2025 и припадна на Катерина Попева (бодибилдинг и фитнес), која во Санта Сузана (Шпанија) се закити со титулата светска шампионка на Светското првенство во бодибилдинг и фитнес.

Министерот за спорт Борко Ристовски упати честитки до сите добитници, но и до оние кои беа номинирани за наградите, испраќајќи силна порака да продолжат да се борат, никогаш да не се откажуваат и секогаш да веруваат во себе, бидејќи токму тоа е единствениот пат до успехот.

Добитници на наградите за 2025 се:

  1. Спортист на годината – Ален Рустемовски (бокс)
  2. Спортистка на годината – Катерина Попева (боди билдинг и фитнес)
  3. Најуспешен млад спортист – Адријан Рустемовски (бокс)
  4. Најуспешна млада спортистка – Даниела Алексовка ( бразилска џиу џица)
  5. Најуспешен женски национален тим – Ракометна репрезентација на Македонија (сениорки)
  6. Најуспешен машки  национален тим – Одбојкарска репрезентација на Македонија (сениори)
  7. Најуспешен тренер/селектор – Могамед Ибрагимов (борење)
  8. Најуспешна национална спортска федерација – Џудо федерација на Македонија
  9. Најуспешен спортист со инвалидитет – Андреј Стојановски (пливање)
  10. Најуспешна спортска екипа од Универзитетите – Машки тим во мал фудбал на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ – Скопје
  11. Најуспешен училишен спортски клуб од средните училишта – СУГС „ Никола Карев“- Скопје
  12. Најуспешен училишен спортски клуб од основите училишта – ООУ „ Никола Карев“ – Кочани
  13. Специјално признание – Петар Цеков (пливање)  

Сподели
Напишано од
Виолета Јанчева -

Виолета Јанчева е поранешна фудбалерка која настапувала за неколку екипи од Првата македонска женска фудбалска лига. Одлично го познава македонскиот фудбал, но генерално и македонскиот спорт.

Не пропуштајте

РакометРакометна репрезентација

Познати арбитрите за првите два предизвици на Македонија во квалификациите за ЕП 2028!

Македонската ракометна репрезентација ќе има интернационални судиски двојки на почетокот од квалификациската трка за Европското првенство во 2028 година. Европската ракометна федерација ги...

РакометРакометна репрезентација

Кузмановски верува во ново големо натпреварување: „Посакуваме уште едно учество на ЕП“

Македонската ракометна репрезентација е пред нов квалификациски предизвик, а амбициите во националниот табор се насочени кон продолжување на низата настапи на големите натпреварувања....

Поврзани написи
Останато

Штип УГД директно во главната рунда, на 9 декември ја пречекува Пјаченца

Македонскиот шампион Штип УГД, по завршувањето на своето премиерно учество во Лигата...

Останато

Младост го сопре Работнички, Наковски без загубен сет: Два тајбрека го одбележаа третото коло

Младост УГД ја забележа најтесната домашна победа во третото коло од женската...

Останато

Ристовски му честиташе на Христијан Бузалковски за европската вицешампионска титула

Министерот за спорт, Борко Ристовски, денеска оствари средба со македонскиот мотоциклист Христијан...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!