Прва женска фудбалска лигаФудбал

Прволигашот ЖФК Вардар се засили со Ива Здравeска

Сподели
Сподели

Прволигашот ЖФК Вардар промовираше уште едно зимско засилување, се работи за 21-годишната Ива Здравeска, која доаѓа од редовите на прволигашот ЖФК Истатов.

Се работи за фудбалерка која со нејзината борбеност и тактичка дисциплина ќе бидат важен сегмент во претстојната сезона. Здравеска треба да биде вистинско освежување во редовите на Вардар, а таа играа по бочните страни на теренот. Фудбалските чекори Здравеска ги има во ФК Кул.

Претходно, дебитантот во Првата женска фудбалска кој зад себе има солидна есен се засили со голманката Натали Талевска, средниот ред беше засилен со Михаела Марковска, а пристигна и офанзивката Ивана Милевска, за што веќе објави Спортска Мрежа. Според наши информации Вардар ќе се засили со уште најмалку една фудбалерка, а се очекува промоција во следните денови.

Под водство на тренерот Теодора Димитровска, Вардар ја темпира формата за пролетниот дел.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

ИнтернационалциФудбал

Ивана Пројковска и Елена Соклевска – Илиевски ќе делат правда на мечот меѓу Словачка и Украина

Македонските судии Ивана Пројковска и Елена Соклевска – Илиевски добија нова задача од УЕФА. Двете ќе бидат дел од судиската екипа на натпреварот...

Трета лигаФудбал

Тесна трка за „Златната копачка“: Тројца стрелци веќе имаат по пет гола во Трета лига регион 3

По четири кола во Трета лига регион 3 дури тројца играчи го делат врвот од листата на најдобри стрелци, а имаат постигнато по...

Поврзани написи
ИнтернационалциФудбал

Ивана Пројковска и Елена Соклевска – Илиевски ќе делат правда на мечот меѓу Словачка и Украина

Македонските судии Ивана Пројковска и Елена Соклевска – Илиевски добија нова задача...

Трета лигаФудбал

Кои екипи најмногу разочараа во Трета лига регион 3, еден тим е вистински хит

По четири одиграни кола во Трета лига регион 3 има неколку екипи...

ФудбалФутсал

„Пукна бомбата“: Марио Благојевски останува во шампионот Проект

Тоа што го најави Спортска Мрежа во текот на вчерашниот ден доби...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!