ИнтернационалциФудбалФутсал

Ристовски и Младеновски ќе делат правда на дербито Ерменија – Чешка на ЕП во футсал 2026

Сподели
Сподели

Македонските арбитри Доне Ристовски и Марјан Младеновски добија огромна чест и доверба да го судат дербито од групата Б на Европското футсал првенство 2026, во кое во недела од 13:00 часот ќе се соочат селекциите на Ерменија и Чешка.

Станува збор за клучен натпревар во групата, бидејќи победникот ќе направи голем чекор кон пласман во четвртфиналето. Во првото коло Ерменија ја совлада Украина со 2:1, додека Чешка одигра спектакуларен меч против Литванија кој заврши без победник, 3:3, со дури шест погодоци и поделба на бодовите.

Ристовски и Младеновски ќе бидат главни судии на овој дуел, додека судиската екипа ќе биде комплетирана со Алехандро Мартинез Флорес од Шпанија како трет судија, Хуан Хосе Кордеро Гаљардо од Шпанија како четврти судија.

Фактот што токму Ристовски и Младеновски се единствените судии од Македонија кои делат правда на ова Европско првенство е силна потврда за квалитетот на македонското судење. Воедно, ова е јасен сигнал за големата доверба што ја уживаат од УЕФА, но и резултат на континуираната поддршка од ФФМ.

Македонските судии ќе бидат во центарот на вниманието на едно од највозбудливите соочувања во групната фаза, потврда за одличниот квалитет.


Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Ракомет

Илиќ: Публиката во Богданци е нашиот осми играч, против Пелистер 2 очекувам машки натпревар, целта е прва победа

Младост во сабота во салата „Млаз“ во Богданци ќе ја бара првата сезонска победа во шестото коло на Суперлигата против Еурофарм Пелистер 2...

ФудбалФутсал

„Пукна бомбата“: Марио Благојевски останува во шампионот Проект

Тоа што го најави Спортска Мрежа во текот на вчерашниот ден доби на потврда, македонскиот репрезентативец Марио Благојевски останува во шампионот Проект и...

Поврзани написи
ФудбалФутсал

„Пукна бомбата“: Марио Благојевски останува во шампионот Проект

Тоа што го најави Спортска Мрежа во текот на вчерашниот ден доби...

Втора лигаФудбал

Второлигашот Кожуф го промовираше новиот тренер

Второлигашот Кожуф го промовираше Вангел Алтипармаковски за нов шеф на стручниот штаб....

ФудбалФутсал

Македонскиот футсал шампион го промовираше Насаф Шабанов

Екипата на Проект од Јосифово за сезона 2026/2027 ќе биде посилна со...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!