Прва женска фудбалска лигаФудбал

Тиверија Брера ја здроби Речица, Атлетико слави над Ас Јунајтед, хет-трик на Димитровска

Сподели
ФОТО: ЖФК Атлетико Битола | АРХИВА
Сподели

Лидерот Тиверија Брера од Струмица ја однесе најубедливата победа во рамки на 11. коло од Првата женска фудбалска лига, откако на гостински терен со 0:11 ја декласираше Речица.

Гоја и Панеска постигнаа по три гола, Николовска беше двоен стрелец, а по еден гол постигнаа Јосифова, Недева и Илиева.

Сосема беше очекувана победа за Тиверија Брера која беше повеќе од апсолутен фаворит доминираше на теренот, па за нив ова беше повеќе како тренинг натпревар.

Каменица Саса на домашен терен со 4:0 го декласираше битолски Топ Гол, во меч каде „рударките“ беа доминантни, а важеа за апсолутни фаворити на овој меч.

Искусната голгетерка Ана Димитровска постигна хет-трик на натпреварот, а пак Ева Андонова беше стрелец на еден гол за Каменица Саса.

Висока и убедлива победа слави и шампионот Љуботен откако со 1:4 беше убедлив против Скопје на гостински терен.

Гостинот од Тетово резултатот го отвори по шест минути игра преку Валбуена Новоа, а веќе во 16. минута Видал Исаза постигна гол за двојна предност на полувреме.

Во вториот дел Трендова постигна гол и рано ја намали предност на Љуботен на 1:2, но потоа голгетерката Хава Мустафа погоди за 1:3, а пак во финишот Марковска ги постави конечните 1:4.

Повратникот во елитата, екипата на Атлетико дојде до својата втора сезонска радост откако на домашен терен славеше над Ас Јунајтед, тим кој во новата сезона во целост потфрли во однос на доминацијата кога минатата сезона стружанка водеа борба во еден момент од сезоната и за титула, а потоа за висок пласман на табелата.

Симона Тасева во 13. минута го отвори резултатот во Битола за водство на домаќинот од 1:0, а по само две минути голгетерката на гостинскиот тим Улза Максути погоди за 1:1.

Неизвесноста и егал борбата продолжи, а во 40. минута од мечот Кристина Велјановска погоди за 2:1 на полувреме. Во вториот дел Атлетико бараше трет гол и рано решавање на дилемите околу трите бодови, а Ас Јунајтед бркаше гол за израмнување, но на крајот резултатот од 40. минута стана конечен.

Во рамки на оваа рунда слободна беше екипата на СЦ Истатов.

Што се однесува до табелата Тиверија Брера е прва со 28 бодови, колку што има и Љуботен кој е втор, а пак Каменица Саса е трета со 24 бодови.

Веднаш драстичен пресек на табелата Скопје со 18 бодови е на 4. место, а пак Истатов е петти со 10 бодови. Атлетико сега се пробива до шесттото место со седум бодови, Ас Јунајтед е седми со шест бодови, Топ Гол е осми со пет бодови на своето конто, а пак Речица е претпоследна со три бодови односно во бараж зоната.

Шкендија од Тетово која се откажа пред почетокот на сезоната формално е на последното место на табелата во превод екипа која директно ќе испадне од лигата нема, туку само претпоследниот ќе игра бараж, кој е многу извесно и дека ќе го добие и ќе остане во лигата, па тоа го отвара и прашањето колку прволигашите имаат притисок за опстанок или со оглед на ваквата ситуација, немаат притисок за опстанок!?

  • ЦЕЛА ТАБЕЛА 11. КОЛО ПРВА ЖЕНСКА ФУДБАЛСКА ЛИГА:

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Втора лигаФудбал

ФОТО НА ДЕНОТ: Охрид е есенски шампион во Втора лига

Охрид е есенски шампион во Втората македонска фудбалска лига – „рибарите“ ја имаат победничката фотографија на денот! Охриѓани одиграа фантастична есен истата ја...

Ракомет

Јован Гетов постигна 12 гола: Партизан го совлада Овче Поле

Благодарение на расположениот Јован Гетов тимот на Партизан славеше со 35:33 над Овче Поле од Свети Николе во меч од 13. коло на...

Поврзани написи
Втора лигаФудбал

ФОТО НА ДЕНОТ: Охрид е есенски шампион во Втора лига

Охрид е есенски шампион во Втората македонска фудбалска лига – „рибарите“ ја...

Трета лигаФудбал

Превалец е есенски шампион во Трета лига – Југ, Росоман со победа ја заврши 2025 година!

Екипата на Превалец е есенски шампион во Третата македонска фудбалска лига –...

Прва лигаФудбал

Силекс и Брера со големи гостински победи – Работнички и Шкупи во длабока криза пред зимската пауза

Последното коло во есенскиот дел од Првата македонска лига донесе јасна слика...

Втора лигаФудбал

ВИДЕО: Охрид ја освои Виница и стана есенски шампион во Втора лига

Охрид е есенски шампион во Втората македонска фудбалска лига, откако попладнево во...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!