Играчот на актуелниот футсал шампион на Македонија, Иван Крстевски, е прогласен за најдобар спортист во сениорска конкуренција за 2025 година.
Крстевски, кој важи за еден од најдобрите футсал играчи во Македонија и зад себе има богата кариера со бројни освоени шампионски и Куп-титули, како и неколку двојни круни, имаше исклучително успешна сезона.
Македонскиот репрезентативец признанието за најдобар спортист во сениорска категорија го доби од Општинскиот сојуз на спортови Куманово.
За најдобар тренер во сениорска конкуренција беше прогласен Газменд Хисеини, тренер на футсал клубот Форца и селектор на футсал репрезентацијата на Македонија.
Со овие две престижни признанија, Форца ја заокружи успешната спортска 2025 година, која претставува силен мотив и поттик за уште подобри резултати во 2026 година.