Прва женска фудбалска лигаФудбал

ФОТО: Шампионот Љуботен се засили со искусната голгетерка Улза Максути

Сподели
ФОТО: ЖФК Љуботен
Сподели

Актуелниот шампион ЖФК Љуботен за пролетниот дел во кој ќе води борба за одбрана на двојната круна се засили со искусната голгетерка Улза Максути, која во тетовскиот тим доаѓа од редовите на албанскиот тим Грамши.

Стружанката во есенската полусезона настапуваше за Грамши, а сега се враќа во Љуботен, бидејќи настапуваше во натпреварите од квалификациите за Лигата на шампионите за тетовскиот тим.

26-годишната репрезентативка на Македонија има меѓународно искуство и со настапите за Унје Кадин од Турција, а претходно беше дел струшки Ас Јунајтед кој е нејзин матичен клуб, а имаше настапи и за Истатов.

ФОТО: ЖФК Љуботен

Максути во претходните сезони кога настапуваше во Правата женска фудбалска лига постојано беше меѓу најдобри стрелци. Во сезона 2023/2024 Улза Максути во дресот на Ас Јунајтед од Струга постигна неверојатни 47 голови, а пак во сезона 2022/2023 беше трета на листата на најдобри стрелци со 35 гола.

Љуботен добива искуство име во своите редови со големо домашно, веќе и меѓународно искуство и се очекува да биде голгетер кој ќе решава Љуботен да ја одбрани титулата, бидејќи се работи за сигурно и проверено име.

Љуботен веќе договори и шест квалитетни тестови како што објави Спортска Мрежа низ кои ќе ја проверува формата, а тимот кој во есенскиот дел заврши на второто место зад лидерот Скопје со два бодови негатива, сега добива квалитетно засилување да ги оствари целите – одбрана на шампионската титула како и на Куп титулата.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Втора лигаФудбал

Стојанче Трпчевски ќе им суди на Охрид и Брера, Влатко Илиоски го доби дербито под рефлектори во Струмица

Викендот на програмата се натпреварите од 7. коло на Втората македонска фудбалска лига, а кое коло ќе се игра во два дена, односно...

ИнтернационалциФудбал

Актуелниот претседател на УЕФА, Александар Чеферин најави кандидатура за нов мандат

Актуелниот претседател на Европската фудбалска федерација, Александар Чеферин најави дека ќе се кандидира за нов мандат. Првиот човек на европскиот фудбал на состанокот...

Поврзани написи
Втора лигаФудбал

Стојанче Трпчевски ќе им суди на Охрид и Брера, Влатко Илиоски го доби дербито под рефлектори во Струмица

Викендот на програмата се натпреварите од 7. коло на Втората македонска фудбалска...

ИнтернационалциФудбал

Актуелниот претседател на УЕФА, Александар Чеферин најави кандидатура за нов мандат

Актуелниот претседател на Европската фудбалска федерација, Александар Чеферин најави дека ќе се...

Втора лигаФудбал

(ФОТО СТАТИСТИКА) Дерби во Струмица под рефлектори: Беласица против Пелистер

Седмото коло на Втората македонска фудбалска лига ќе се заокружи со дерби...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!