Европско првенство 2026РакометРакометна репрезентацијаРепрезентација

Македонија меѓу најдобрите 14 во Европа – солиден финиш на шампионатот!

Сподели
ФОТО: РФМ
Сподели

Македонската ракометна репрезентација го заврши настапот на Европското првенство со пласман на 14. позиција, што претставува солиден чекор напред во однос на претходниот континентален шампионат.

Иако групната фаза сè уште не е целосно комплетирана, веќе е јасно дека нашите ракометари со освоени три бода – по една победа, реми и пораз – утре ќе се вратат дома со вкупно четиринаесетто место во конечниот поредок.

Во конкуренцијата на селекциите кои не обезбедија место во главната фаза, само Фарските Острови имаат подобар пласман од Македонија, што дополнително ја нагласува вредноста на остварениот резултат.

Овој епилог значи напредок од три позиции во споредба со Европското првенство во Германија пред две години, кога националниот тим заврши на 17. место со два бода, освоени по триумфот над Швајцарија.

Зад Македонија, од 15. до 18. место, ќе се најдат репрезентациите на Италија, Чешка, Австрија, како и Холандија или Грузија, во зависност од конечните исходи во групите.

Сподели
Напишано од
Сања Секулоска -

Сања Секулоска е спортска новинарка во Спортска Мрежа. Секулоска по професија е магистер на економски науки, која започнува од хоби кон новинарството конкретно во ракометот. Секулоска го следи и европскиот ракомет.

Не пропуштајте

Кошарка

МЗТ Скопје го засили ростерот со српскиот плејмејкер

МЗТ Скопје продолжува со комплетирањето на тимот за претстојната сезона, а најново засилување во составот е српскиот плејмејкер Тадија Тадиќ. 27-годишниот бек, висок...

Останато

Пораз за Лина Ѓорческа на стартот на ВТА 125 турнирот во Љубљана

Најуспешната македонска тенисерка Лина Ѓорческа доживеа пораз во првото коло на ВТА 125 турнирот во Љубљана, кој се игра за награден фонд од...

Поврзани написи
Ракомет

Унгарски судии за европскиот предизвик на Вардар против Нант!

Вардар го очекува првиот домашен европски предизвик во новата сезона од Лигата...

Ракомет

Томче Трајчевски ја засили Преспа, ресенчанецот се врати дома

Прволигашот Преспа за новата сезона ќе има искусно име во своите редови,...

Ракомет

Кукуловски „грмеше“ од девет метри: седум гола за победничко деби во Металопластика!

Поранешниот ракометар на Охрид, Дејан Кукуловски, со одлична индивидуална партија го започна...

Одбојкарска репрезентацијаРепрезентација

Македонија поразена од Полска, следуваат уште два натпревари на Европското првенство

Машката сениорска одбојкарска репрезентација на Македонија го претрпе и третиот пораз на...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!