Кошаркарска репрезентацијаРепрезентација

Селекторот на машката кошаркарска репрезентација Марјан Илиевски си поднесе оставка!

Сподели
ФОТО: Кошаркарска федерација на Македонија
Сподели

Управниот одбор на Македонската кошаркарска федерација на денешната седница едногласно ја прифати оставката на селекторот на машката сениорска репрезентација, Марјан Илиевски, која беше поднесена непосредно пред почетокот на седницата. Иако ваквата одлука беше изненадување за членовите на Управниот одбор, Федерацијата во целост ја почитува неговата лична и професионална одлука и му упатува искрена благодарност за посветеноста, професионалноста и придонесот во периодот додека ја извршуваше селекторската функција.

Во продолжение на седницата беше донесена една од позначајните стратешки одлуки во последниот период, со која легендата на македонската кошарка, Владо Илиевски, е именуван за координатор на сите национални репрезентативни селекции. Станува збор за поранешен долгогодишен репрезентативец и дел од најуспешната генерација на македонската кошарка, која го оствари историскиот пласман на Европското првенство во 2011 година.

Неговото богато меѓународно искуство, авторитетот што го ужива во кошаркарските кругови и одличното познавање на репрезентативниот систем ќе бидат ставени во функција на унапредување на работата на сите сениорски и младински селекции, подобра координација меѓу нив и дефинирање јасни стратешки насоки за нивен долгорочен развој.

Управниот одбор изрази очекување дека во најкраток можен рок, токму по предлог на новоименуваниот координатор, ќе биде донесена и одлука за избор на нов селектор на машката сениорска репрезентација, со цел обезбедување стабилност и навремени подготовки за претстојните репрезентативни обврски.

Покрај ова, беа утврдени критериумите за избор на стручни лица во рамки на Спортската академија, како и формирање комисија задолжена за проверка на исполнетоста на тие критериуми. Дополнително, донесена е одлука за зголемување на надоместокот за статистичарите на 1.500 денари по натпревар, како признание за нивниот придонес во натпреварувачкиот процес.

Со овие одлуки, Македонската кошаркарска федерација уште еднаш ја потврдува својата определба за стабилност, транспарентност и долгорочен, системски развој на македонската кошарка, со посебен фокус на репрезентативните селекции и стручното работење.

Сподели
Напишано од
Виолета Јанчева -

Виолета Јанчева е поранешна фудбалерка која настапувала за неколку екипи од Првата македонска женска фудбалска лига. Одлично го познава македонскиот фудбал, но генерално и македонскиот спорт.

Не пропуштајте

Кошарка

МЗТ три од три дома, Работнички три од три на гости пред вечното дерби

МЗТ Скопје Аеродром и Работнички влегуваат во дербито од седмото коло со по една серија што ќе биде прекината. Шампионот ги доби сите...

ФудбалФутсал

Две непоразени екипи во Втората футсал лига, две екипи без бодови

По четири одиграни кола во Втората футсал, две екипи немаат пораз, а две екипи немаат бодови. Каршиака и Црна Река не знаат за...

Поврзани написи
Ракометна репрезентацијаРепрезентација

РФМ со официјален приговор до ЕХФ: На телевизискиот пренос стоеше NMKD!

Ракометната федерација на Македонија преку соопштение информираше дека ќе поднесе официјален приговор...

Ракометна репрезентацијаРепрезентација

Македонија загуби од Грција во Халкида!

Македонската машка ракометна репрезентација го претрпе првиот пораз во квалификациите за Европското...

Ракометна репрезентацијаРепрезентација

Македонија има позитивна историја со Грција – денеска нова битка во Халкида!

По убедливиот триумф над Луксембург на отворањето на квалификациите за ЕП 2028,...

Останати репрезентацииРепрезентација

Пет круга до целта: Далија Стојановска со 46. место на европското деби во велокрос

Далија Стојановска ги извози сите пет круга на јуниорската трка на Европското...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!