Европско првенство 2026РакометРакометна репрезентацијаРепрезентација

ВЕЧЕР МИСЛИТЕ СЕ КОН ХЕРНИНГ: Македонија против Романија, надежта живее – математиката е сурова

Сподели
ФОТО: Принтскрин
Сподели

Македонската ракометна репрезентација вечерва од 18:00 часот во Хернинг го игра својот последен натпревар од групната фаза на Европското првенство, а влогот е поголем од обична победа. Противник е селекцијата на Романија, меч кој мора да се добие, но и меч по кој ќе се гледа кон резултатот од Данска – Португалија.

По херојското реми со Португалија, „црвено-жолтите“ ја задржаа шансата за пласман во главната рунда, но сценариото е комплицирано. Македонија има еден бод и негативна гол-разлика, што значи дека покрај победа над Романија, потребен е и убедлив триумф на Данска против Португалија. Само така може да се стопи разликата и да се дојде до место во ТОП 12.

Но, дури и без чудо, вечерва има што да се брани. Победа над Романија значи сигурно трето место во групата, што носи полесен пат во квалификациите за Светското првенство 2027 година – само еден бараж-натпревар и поволен статус при ждрепката.


Историјата со Романците ветува борба. Во шест официјални меѓусебни дуели, билансот е целосно израмнет, по три победи за двете селекции, со мала предност на Македонија во вкупната гол-разлика. Секој од тие натпревари носел неизвесност, а вечерва, иако на неутрален терен, улогата на фаворит мора да се потврди на паркетот.


Селекторот Кирил Лазаров ќе бара максимална концентрација, цврста одбрана и брз проток на топката во нападот. Победа сама по себе не е доволна – потребна е енергија, ритам и желба за што поголема разлика, па потоа поглед кон Данска и надеж дека „долгот“ од минатото ќе биде вратен.

Вечерва Македонија игра за повеќе од бодови. Игра за иднината, за позицијата, за верата дека и кога математиката е против нас – срцето знае да ја помести.


Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Втора лигаФудбал

Три второлигаши пред „финале“ за спас на сезоната и опстанок во Втора лига

Три второлигашки екипи ќе мора да одиграат натпревари со карактер на финале за да ја спасат сезоната и да обезбедат опстанок во Втората...

ИнтернационалциФудбал

Бехар Фета го освои Купот на Словенија – македонскиот фудбалер блеска во дресот на Алуминиј!

Поранешниот младински репрезентативец на Македонија, Бехар Фета, стигна до голем успех во својата кариера, откако со екипата на Алуминиј го освои Купот на...

Поврзани написи
Одбојкарска репрезентацијаРепрезентација

Миленкоски го скрати списокот, Македонија продолжува со подготовки во Скопје

Селекторот Јошко Миленкоски и неговиот стручен штаб решија да им овозможат краток...

Одбојкарска репрезентацијаРепрезентација

Хаџииљоски: Вие сте гордоста и иднината на македонската одбојка

Потпретседателот на Одбојкарската федерација на Македонија, Ивица Хаџииљоски, заедно со генералниот секретар...

Одбојкарска репрезентацијаРепрезентација

Гавриловиќ: Со работа и дисциплина можеме да направиме нешто големо

Новиот селектор на женската сениорска репрезентација на Македонија, Милош Гавриловиќ, денеска во...

Ракомет

Француско засилување за ГРК Охрид: Адама Кеита носи големо искуство!

ГРК Охрид продолжува со засилувањата за новата сезона, а петто ново име...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!