Европско првенство 2026РакометРакометна репрезентацијаРепрезентација

Ојлески повикан како итно решение – Лазаров реагира по повредите на крилата

Сподели
ФОТО: Принтскрин
Сподели

Македонската ракометна репрезентација доби дополнително засилување на Европското првенство во Данска, откако селекторот Кирил Лазаров беше принуден да направи промена во ростерот по серијата повреди.

По дуелот со Португалија, Македонија остана без двете леви крила, Иван Џонов и Петар Атанасијевиќ, што го натера стручниот штаб да побара итно решение за оваа позиција. Изборот падна на искусниот Гоце Ојлески, кој беше дел од резервниот список и доби повик експресно да се приклучи на националниот тим.

Капитенот на Охрид денеска треба да пристигне во Хернинг, каде ќе им се стави на располагање на соиграчите и стручниот штаб. Иако има 36 години, Ојлески доаѓа во добра натпреварувачка форма, бидејќи беше во тренажен процес со неговиот клуб Охрид, со кој одигра три натпревари против Врбас, а потоа два натпревари против Динамо Панчево и Тримо Требење на турнирот „Вук Рогановиќ“, па доаѓа максимално подготвен во нашиот репрезентативен табор за утрешниот меч со Романија.

Македонија во последното коло од групната фаза ќе се соочи со Романија, натпревар што е закажан за вторник со почеток од 18:00 часот, а „црвено-жолтите“ ќе бркаат позитивен резултат и пласман понатаму.


Сподели
Напишано од
Сања Секулоска -

Сања Секулоска е спортска новинарка во Спортска Мрежа. Секулоска по професија е магистер на економски науки, која започнува од хоби кон новинарството конкретно во ракометот. Секулоска го следи и европскиот ракомет.

Не пропуштајте

Ракомет

„Одиме по првите бодови“: Чупиќ и Малус ја најавија битката со Нант!

По тесниот пораз од Мелсунген во премиерното коло, Вардар во среда ќе го одигра првиот домашен натпревар во новата сезона од Лигата на...

Трета лигаФудбалЧетврта лига

Од битолско село со 290 жители до две фудбалски екипи: Ношпал ја пишува својата фудбалска приказна

Во време кога многу средини се борат да ги одржат спортските клубови во живот, едно мало село во Општина Могила покажува дека за...

Поврзани написи
Ракомет

„Одиме по првите бодови“: Чупиќ и Малус ја најавија битката со Нант!

По тесниот пораз од Мелсунген во премиерното коло, Вардар во среда ќе...

Останати репрезентацииРепрезентација

Јанев со пресврт до второто коло на Европското првенство за јуниори

Македонскиот Дејвис куп репрезентативец Кристијан Јанев со голема борба и пресврт успеа...

Одбојкарска репрезентацијаРепрезентација

Македонија загуби од селекцијата на Португалија, и остана без шанси за осминафинале на ЕП

Машката одбојкарска репрезентација на Македонија го претрпе и четвртиот пораз во низа...

Ракомет

Унгарски судии за европскиот предизвик на Вардар против Нант!

Вардар го очекува првиот домашен европски предизвик во новата сезона од Лигата...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!