Европско првенство 2026РакометРакометна репрезентацијаРепрезентација

Лазаров: Огромна борба и срце на терен, Направивме голема работа против полуфиналистот од СП!

Сподели
ФОТО: Принтскрин
Сподели

Македонската репрезентација одигра неверојатен, инфарктен натпревар со Португалија и ремизираше 29:29, со што останува во трка за пласман во главната фаза на Европското првенство 2026.

Неверојатната драма ја одбележа натпреварот, а по завршувањето селекторот Кирил Лазаров даде детална анализа за случувањата на теренот:

„Не знам дали смеам да кажам што ми е на душа бидејќи што имам многу, мора да бидеме претпазливи да не навредиме некој, мислам дека доволно кажав. Јас и пред почетокот на првенството во една изјава кажав дека сме ние мала земја, во моментов многу деградирани, не е лесно да играш против вакви светски велесили како што е Португалија. Не е алиби никакво, видовте сами, тоа е така и ќе биде во иднина многу тешко да се бориме со вакви работи. Јавноста сака и не поддржува сака спорт, сака ракомет, гледате каков интерес има, сакам да им честитам од душа од срце на нашите, на моите играчи што успеаја да направат денес со полуфиналистот на минатото Светско првенство. Екипата која се бореше за медал и овде дојде по злато како што најавија тие самите, направивме голема работа, особено знаејќи дека во првото полувреме ги загубивме двете леви крила и моравме да комбинираме. Го загубиме со црвен картон нашиот најискусниот играч, кој што во многу вакви натпревари многу помогнал за Македонија. Беше тешко од се што имавме планирано со стручниот штаб сите концепти ни се растурија, настана мал хаос пред крајот на првото полувреме. Пробавме да го средиме тоа некако за време на полувремето, не почна како што треба, но фала Богу успеавме да ја најдеме формулата и со голема борба, пожртвуваност и верба успеавме да стигнеме до позитивен резултат. За математиките, навистина може да ги прашате нашите играчи слободно дека во еден момент во наши разговори пред натпреварот со Данска им реков – давајте максимум, борете се за секој гол, колку и да е разликата, може таа разлика да ни одлучува, може да играме нерешено со Португалија. Сите од прв до 19 го слушнаа тоа – тоа и се случи. Изгубивме многу енергија, многу емоции, нашата македонска крв е врела, треба да се смириме малку сите, да пробаме да се отспиеме. Утре дефинитивно нема да тренираме пак, го откажуваме и тој тренинг, да се одморат играчите, да видиме каква е ситуацијата со нашите повредените играчи, посебно левите крила и да видиме каква е ситуацијата. Првата цел за нас е сигурна победата со Романија“, рече селекторот Кирил Лазаров.

Во последното коло од групната фаза Македонија ќе се соочи со Романија во меч закажан за вторник. Целта е победа, по што ќе се прават комбинациите за пласман во следната фаза на Европското првенство.

Сподели
Напишано од
Сања Секулоска -

Сања Секулоска е спортска новинарка во Спортска Мрежа. Секулоска по професија е магистер на економски науки, која започнува од хоби кон новинарството конкретно во ракометот. Секулоска го следи и европскиот ракомет.

Не пропуштајте

Втора лигаФудбал

🔴 Во ЖИВО: Седум натпревари од 25. коло на Втора лига

Со седум натпревари денес ќе биде отворено 25. коло на Втората македонска фудбалска лига, а ќе се затвори утре со мечот меѓу Големо...

Поврзани написи
Ракомет

Вардар на чекор до големо засилување: Фадуил на мета на „црвено-црните“

Македонскиот ракометен гигант Вардар сериозно работи на засилувањата за следната сезона, а...

Ракомет

Вардар сигурно до финале во Купот – „црвено-црните“ ќе се борат за нов трофеј против Алкалоид

Ракометарите на Вардар повторно ќе играат во финалето на Купот на Македонија,...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!