Трета лигаФудбал

ВИДЕО: Гигов одбрани пенал, Карбинци слави голема победа над лидерот Слога Виница!

Сподели
ФОТО: ФК Карбинци
Сподели

Лидерот Слога Виница го претрпе првиот сезонски пораз во Трета лига – Исток, откако поранешниот второлигаш од Виница загуби на денешното гостување кај Карбинци со резултат од 2:1, за што веќе информираше Спортска Мрежа.

Гостинот преку Игор Ѓоргиев дојде до водство во 26. минута, а веќе во 33. минута Мирче Натков стрелаше за 1:1 на полувреме со гол од пенал. Во вториот дел во 68. минута од мечот судијата Александар Ѓеоргиевски покажа на белата точка за гостинот од Виница, Кристијан Ристовски ја превзема одговорноста, но неговиот пенал беше одбранет од Филип Гигов, голманот на Карбинци кој го остави неговиот тим во егал борба.

  • ПОГЛЕДНЕТЕ ГО ОДБРАНЕТИОТ ПЕНАЛ НА РИСТОВСКИ:

По одбранетиот пенал екипата на Карбинци во 85. минута преку Бобан Стојанов дојде до пресврт и победа над Слога Виница од 2:1.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Ракомет

„Победа е нашата цел“: Ќосевски најавува борба на Охрид во Будва!

Охрид утре го очекува вториот предизвик во Регионалната лига, а по успешниот старт против Војводина, охриѓани гостуваат кај Будванска Ривиера во Црна Гора....

Ракомет

Вардар не патува во Панчево: Повреди и вирус го одложија мечот со Динамо!

РК Вардар нема да гостува кај Динамо Панчево во рамките на второто коло од Регионалната ракометна лига. Средбата беше закажана за 26 август,...

Поврзани написи
ФудбалФутсал

Еве кога игра Проект во Грац: Три европски натпревари во четири дена!

Македонскиот футсал шампион Проект веќе е во Грац, Австрија, каде што ќе...

Прва лигаФудбал

Познат распоредот за 5. коло во ПМФЛ: Дерби во Кратово, Тиквеш – Вардар во понеделник

Познат е распоредот за 5. коло во Првата македонска фудбалска лига, кое...

ФудбалФутсал

Проект со позитивна атмосфера патува за Грац, македонскиот шампион подготвен за ЛШ!

Македонскиот футсал шампион Проект со позитивна атмосфера и големи амбиции патува за...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!