Прва женска фудбалска лигаФудбал

ЖФК Каменица Саса стартува со подготовки на 20 јануари – Шопска заминува во Лудогорец

Сподели
Сподели

Прволигашот ЖФК Каменица Саса на 20 јануари ќе ги започне подготовките за пролетниот дел од сезоната. Зимските подготовки ќе се реализираат во Македонска Каменица каде ги има сите потребни услови, два терени, теретана и сала.

ЖФК Каменица Саса ја прифати понудата за Антонина Шопска од страна на бугарскиот есенски шампион Лудогорец, како што истакна Златковски имаат прекрасни контакти со бугарскиот тим, воедно тој во минатото и настапуваше таму, а како што ни открива ексклузивно за Спортска Мрежа, клубот од Македонска Каменица ќе се засили со една фудбалерка од странство, а ќе има и едно домашно засилување, а неколку фудбалерки од младинските категории ќе се приклучат на првиот тим.

„Започнуваме со припреми на 20 јануари, вторник. Припремите се планирани да се одвиваат во Македонска Каменица, овде ги имаме сите потребни услови (два терени, теретана, сала) за да ја подготвиме екипата за подобри резултати во пролетниот дел. Што се однесува до трансфери, стигна понуда за Антонина Шопска од Бугарскиот есенски шампион Лудогорец (каде што јас имам прекрасни контакти, таму играв како играч) па проценивме дека понудата за неа е одлична и ние како клуб сакаме нашите фудбалерки да напредуваат па затоа ја прифативме понудата и таа веќе е фудбалерка на ЖФК Лудогорец. Ќе имаме и нови фудбалерки, една интернационалка која деновиве ќе потпише договор, а исто така и една фудбалерка од нашата Прва лига плус во сениорската екипа добиваат право на настап и две наши фудбалерки од младинките кои ќе придонесат квалитет сигурно“, вели Златковски.

Ќе има и неколку пријателски натпревари низ кој ќе се проверува формата.

„Пријателски натпревари ќе имаме секако, три или четири во зависност од временските услови“, дополнува Златковски.

Каменица Саса презимува на шестото место со 24 бодови, а пролетниот дел го отвара против Тиверија Брера на домашен терен.


Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Останати репрезентацииРепрезентација

Јанев со пресврт до второто коло на Европското првенство за јуниори

Македонскиот Дејвис куп репрезентативец Кристијан Јанев со голема борба и пресврт успеа да обезбеди пласман во второто коло на Европското првенство за тенисери...

Одбојкарска репрезентацијаРепрезентација

Македонија загуби од селекцијата на Португалија, и остана без шанси за осминафинале на ЕП

Машката одбојкарска репрезентација на Македонија го претрпе и четвртиот пораз во низа на Европското првенство, со што остана без шанси за пласман во...

Поврзани написи
ИнтернационалциФудбал

Мојсов со реми дебитираше на клупата на Земун и ја прекина серијата порази

Македонскиот фудбалски стратег Ѓорѓи Мојсов со реми дебитираше на клупата на српскиот...

Прва лигаФудбал

Одлични судиски перформанси во 7. коло од Прва МФЛ

По извршената анализа од сите натпревари, вклучително и денес последно одиграниот првенствен...

Прва лигаФудбал

Дебитантот од Арачиново брка излез во Европа, Скопје е на дното, Шкендија на врвот

По седум кола и првата „лупа“ на табелата во Првата македонска фудбалска...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!