Прва лигаФудбал

Реми без погодоци на Работнички и Шкендија, без победник и во Охрид, Гостивар и Силекс до минимални победи!

Сподели
ФОТО: ФК Шкендија
Сподели

Брера Струмица во рамки на 13. коло доживеа минимален пораз на домашен терен од тимот на Силекс, кој дојде до победа од 0:1 со голот на Бојан Рајков.

Ваквата победа за Силекс е од голема важност бидејќи тимот од Кратово сега има ист број на бодови како и Шкендија која е втора, а од друга страна само бод помалку од непоразениот лидер Работнички, со што Силекс сериозно покрај за место во Европа се вмешува и во трка за титулата.

На „Билјанини Извори“ ланските финалисти во Купот одиграа реми без голови (0:0), Воска Спорт и Тиквеш мораа да се задоволат само со по еден бод.

Дербито меѓу непоразениот лидер Работнички и тетовска Шкеднија заврши без погодоци и без победник (0:0). Поранешните шампиони ги поделија бодовите.

Гостивар со голот на интернационалецот од Конго, Елвис Сукиса Машике дојде до минимална победа од 0:1 над Шкупи со што тимот на Гостивар сега се пробива до четвртото место на табелата со 24 бодови колку што има и Силекс кој е трет. „Хаос“ во горниот дел од табелата.

Беса загуби од шампионот Струга, кој дојде до победа од 1:2 преку пресврт. Башким Велија на стартот од вториот дел постигна гол за водство на дебитантот во лигата од 1:0, а потоа Струга со два брзи гола дојде до конечните 1:2.

Јевтовски погоди во 63. минута, а Кехинде во 64. минута за пресврт и победа на шампионот од 1:2.

Колото ќе се комплетира вечерва со мечот меѓу Пелистер и Вардар кој се игра под рефлектори во Битола од 19 часот.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Поврзани написи
Прва лигаФудбал

Величков ќе им суди на Шкендија и Брера, Стојанов оди во Струга, Пилешков главен во Кратово

Познати се судиите кои ќе ја делат правдата на трите воведни натпревари...

КупФудбал

Тиверија Брера со „петарда“ до втората Куп титула, Саса немоќна во финалето во Ѓорче Петров!

Тиверија Брера го освои вториот трофеј во Купот на Македонија, откако во...

Втора лигаПрва лигаФудбал

Дисциплинската комисија на ФФМ со строги казни: суспензии за играчи и функционери, поведени повеќе постапки

Дисциплинската комисија при Фудбалска федерација на Македонија донесе повеќе казни и покрена...

Младински фудбалФудбал

Познати се финалистите во Купот на Македонија кај младинците и кадетите

Комплетирани се полуфиналните натпревари во Купот на Македонија во младинските категории, а...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!