Втора лигаФудбал

Борец и тренерот Даниел Стојановски се разделија, велешани ќе добија нов тренер!

Сподели
ФОТО: ФК Борец 1919
Сподели

Борец е во се подлабока резултатска криза и од коло во коло оди кон се потежок опстанок во Втората лига.

Вчерашниот пораз од Вардар Неготино на домашен терен од 1:2 беше причина за спогодбена разделба меѓу клубот и шефот на стручниот штаб Даниел Стојановски. Од клубот му се заблагодарија на Стојавноски за досегашниот ангажман и му посакаа успех во тренерските води.

Борец сезоната ја започна со Љупчо Димитковски – Гањо, тренерот кој го водеше Борец и во Трета лига – Југ, но тој го водеше тимот во првиот три кола и во првото коло од Купот на Македонија каде Борец бележеше само порази.

Стојановски дојде во Борец кој практично тогаш немаше бодови на своето конто и од четвртото коло до 11. коло кое се одигра вчера младиот стратег успеа да запиша една победа над Вардарски и две ремија против Скопје и Детонит Плачковица, со што Борец на своето конто има пет бодови.

Во следниот период Борец ќе добие нов тренер, кој би бил трет тренер во есенската полусезона од која има уште четири кола.

Останува да видеме дали по назначувањето на новиот тренер Борец ќе излезе од резултатската криза, или сепак, можеби не секогаш резултатските кризи потекнуваат од тренерите!?

Борец е претпоследен на второлигашката табела со 5 бодови на своето конто и има пет бодови негатива од 13-тото место кое гарантира сигурен опстанок во Втората лига. Во следното коло на домашен терен Борец ќе има претежок натпревар против лидерот и Македонија ЃП, на овој меч ланскиот прволигаш ќе биде апсолутен фаворит.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Останати репрезентацииРепрезентација

Јанев со пресврт до второто коло на Европското првенство за јуниори

Македонскиот Дејвис куп репрезентативец Кристијан Јанев со голема борба и пресврт успеа да обезбеди пласман во второто коло на Европското првенство за тенисери...

Одбојкарска репрезентацијаРепрезентација

Македонија загуби од селекцијата на Португалија, и остана без шанси за осминафинале на ЕП

Машката одбојкарска репрезентација на Македонија го претрпе и четвртиот пораз во низа на Европското првенство, со што остана без шанси за пласман во...

Поврзани написи
ИнтернационалциФудбал

Мојсов со реми дебитираше на клупата на Земун и ја прекина серијата порази

Македонскиот фудбалски стратег Ѓорѓи Мојсов со реми дебитираше на клупата на српскиот...

Прва лигаФудбал

Одлични судиски перформанси во 7. коло од Прва МФЛ

По извршената анализа од сите натпревари, вклучително и денес последно одиграниот првенствен...

Прва лигаФудбал

Дебитантот од Арачиново брка излез во Европа, Скопје е на дното, Шкендија на врвот

По седум кола и првата „лупа“ на табелата во Првата македонска фудбалска...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!